
Македонски | 225
осветлување на работното поле при услови на слаба
осветленост.
– За да го исклучите електричниот алат, отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (9).
На ниски температури електричниот апарат дури по
одреден период го постигнува целосниот капацитет на
удари.
Подесување на бројот на вртежи/удари
Бројот на вртежите/ударите на вклучениот електричен
алат може да го регулирате бесстепено, во зависност од
тоа колку подалеку ќе го притиснете прекинувачот за
вклучување/исклучување (9).
Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/
исклучување (9) се постигнува мал број на вртежи/
удари. Со зголемување на притисокот се зголемува и
бројот на вртежи/удари.
Бројот на вртежи може да го регулирате преку
корисничкиот интерфејс одн. преку апликацијата на
паметниот телефон.
Промена на позицијата за длетување (Vario-Lock)
Длетото може да го фиксирате во 16 позиции. Притоа,
може да ја користите оптималната работна позиција.
– Ставете го длетото во прифатот за алат.
– Свртете го прекинувачот за запирање на вртењето (5)
во позиција „Vario-Lock“.
– Свртете го алатот за вметнување во саканата позиција
за длетување.
– Свртете го прекинувачот за запирање на вртењето (5)
во позиција „Длетување“. Со тоа, прифатот за алат ќе
се фиксира.
Длетување со функција за заклучување
За подолго време да длетувате без постојано да го
притискате прекинувачот за вклучување/исклучување
(9), заклучете го прекинувачот за вклучување/
исклучување во начинот на работење „Длетување “.
– За фиксирање притиснете на прекинувачот за
вклучување/исклучување (9) до крај и притиснете
истовремено на копчето за фиксирање (7).
– За исклучување повторно притиснете на копчето за
фиксирање (7).
Кориснички интерфејс (види сликаE)
Корисничкиот интерфејс(14) за избирање на режим на
работење, како и за прикажување на состојбата на
електричниот алат.
Прикази за состојба
Приказ за наполнетост на
батеријата (Кориснички
интерфејс) (16)
Значење/Причина Решение
Зелено (2 до 5 греди) Батеријата е полна –
Жолто (1 греда) Батеријата е речиси празна Наскоро заменете ја одн. наполнете ја
батеријата
Црвено (1 греда) Батеријата е празна Заменете ја одн. наполнете ја батеријата
Приказ за
температура(22) Значење/причина Решение
Жолто Работната температура на батеријата или на
електричниот алат е значително зголемена,
јачината се намалува
Оставете го електричниот алат да се олади
или заменете ја прегреаната батерија
Црвено Работната температура на батеријата или на
електричниот алат е надмината,
електричниот алат се исклучува за заштита
Оставете го електричниот алат да се олади
или заменете ја прегреаната батерија
Приказ за статусот на
електричниот алат(20) Значење/причина Решение
Зелено Статус OK –
Жолто Достигната е критичната температура или
батеријата е речиси празна Оставете го електричниот алат да работи во
празен од и да се олади или наскоро
заменете ја одн. наполнете ја батеријата
Црвено Електричниот алат е прегреан или
батеријата е празна Оставете да се олади електричниот алат или
заменете ја одн. наполнете ја батеријата
Црвено Активирано е копчето за фиксирање во
режимот на работење „Ударно дупчење“ Повторно притиснете го копчето за
фиксирање
Прекинувачот за запирање на вртењето за
време на работењето е притиснат Исклучете го и повторно вклучете го
електричниот алат
Bosch Power Tools 1 609 92A 7MR | (09.11.2022)
Добавить комментарий