
96 | Македонски
Македонски
Безбедносни напомени за
всисувачи
Прочитајте ги сите безбедносни напомени
и упатства. Грешките настанати како
резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може да
предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки
повреди.
Чувајте ги безбедносните напомени и упатства за
користење и за во иднина.
uОвој всисувач не е предвиден за
користење од страна на деца и
лица со намалени психички,
физички или душевни
способности или недоволно
искуство и знаење. Инаку постои
опасност од погрешна употреба и
повреди.
uНе ги оставајте децата без
надзор. Така ќе се осигурате дека
децата нема да си играат со
всисувачот.
ПРЕДУ-
ПРЕДУВАЊЕ
Не всисувајте материјали штетни
по здравјето, на пр. прав од
буково или дабово дрво, камен,
азбест. Овие материјали важат за канцерогени.
Информирајте се за важечките одредби/закони во
Вашата земја во врска со постапувањето со честички
прав што се штетни по здравјето.
uКористете го всисувачот само сако имате доволно
информации за користењето. Деталните инструкции
ја намалуваат опасноста од погрешна употреба и
повреди.
ПРЕДУ-
ПРЕДУВАЊЕ
Всисувачот е наменет само за
всисување на суви материи.
Навлегувањето на течности го
зголемува ризикот од електричен удар.
ПРЕДУ-
ПРЕДУВАЊЕ
Конекторот користете го само за
целите утврдени во упатството за
употреба.
uВНИМАНИЕ! Всисувачот смее да се користи и чува
само во внатрешни простории.Навлегувањето на
дожд и влага во горниот дел на всисувачот го
зголемува ризикот од електричен удар.
uДоколку користењето на всисувачот во влажна
околина не може да се избегне, користете заштитен
прекинувач за диференцијална струја. Употребата
на заштитен прекинувач со диференцијална струја го
намалува ризикот од електричен удар.
uПред секое користење, проверете го всисувачот,
кабелот и приклучокот. Не го користете
всисувачот, доколку забележите оштетувања. Не
го отворајте сами всисувачот и оставете го на
поправка кај квалификуван стручен персонал, кој
користи само оригинални резервни делови.
Оштетениот всисувач, кабел и приклучок го зголемува
ризикот за електричен удар.
uНе го прегазувајте или притискајте кабелот. Не го
влечете кабелот за да го извадите приклучокот од
конекторот или за движење на всисувачот.
Оштетениот кабел го зголемува ризикот за електричен
удар.
uИзвлечете го приклучокот од конекторот, пред
одржувањето или чистењето на всисувачот, пред
регулирање на поставките на уредот, замена на
деловите или тргање настрана. Овие мерки за
предупредување го спречуваат невнимателниот старт
на всисувачот.
uПогрижете се за добра проветреност на работното
место.
uВсисувачот смее да се поправа само од страна на
квалификуван стручен персонал со оригинални
резервни делови. Само на тој начин ќе бидете
сигурни во безбедноста на всисувачот.
uПред користењето, проверете дали цревото за
всисување е во беспрекорна состојба. При
монтирањето на цревото на всисувачот, проверете
да не излегува прав. Инаку може да ја вдишете
правта.
uНе го користете всисувачот како предмет за
седење. Може да го оштетите всисувачот.
uВнимателно користете го струјниот кабел и цревото
за всисување. Внимавајте притоа да не ги доведете
другите лица во опасност.
uНе го чистете всисувачот со директно насочен млаз
вода. Навлегувањето на вода во горниот дел од
всисувачот го зголемува ризикот од електричен удар.
uПриклучете го всисувачот на прописно заземјена
струјна мрежа. Приклучницата и продолжниот кабел
мора да имаат функционален заштитен проводник.
uНе всисувајте пепел. За тоа користете специјален
всисувач или уред за всисување со соодветна
класификација.
Ознаки
Следните ознаки се од големо значење за користењето
на Вашиот всисувач. Запаметете ги ознаките и нивното
значење. Вистинската интерпретација на ознаките Ви
помага подобро и побезбедно да го користите
всисувачот.
1 609 92A 7UR | (25.10.2022) Bosch Power Tools
Добавить комментарий