
Македонски | 187
Монтажа и користење
uКако би добиле правилен и беспрекорен учинок при
сечењето, поставете ја висината за режење во иста
позиција на сите 4 тркала (види слика E).
Цел на акцијата односно цел при
ракувањето Слика Страна
Обем на испоракаA) A251
Монтирање на рачката B252
Склопување на корпата за трева C253
Вметнување/отстранување на
корпата за трева D253
Подесување на висината на косење E254
Вметнување на батеријата F254
Употреба
- Вметнете го електричниот
прекинувач
- Вклучете
- Косете
- Исклучете
- Извадете го електричниот
прекинувач
G − H255 −
256
Извадете ја батеријата I257
Упатство за работа „косење“ J257
Одржување/замена на сечилата K258
Избор на опрема L259
A) Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од
стандардниот обем на испорака. Целосната опрема може
да ја најдете во нашата Програма за опрема.
Вклучување
За Ваша безбедност
uПредупредување: Исклучете ја косачката, извадете
го клучот за изолација и батеријата пред секое
прилагодување или чистење. Истото важи и ако
кабелот е оштетен, прекинат или сплеткан.
uПо исклучувањето на косачката, сечилата вртат
уште неколку секунди.
uПредупредување: Внимание – не допирајте ги
ротирачките сечила.
uКористете ги само оние полначи коишто се
наведени во Технички податоци. Само овие полначи
се компатибилни со Li-ion батериите што треба да се
користат во вашиот производ.
Полнење на батеријата
Батеријата е опремена со температурен монитор кој
дозволува полнење само на температури од 0°C до 35°C
степени. Така се обезбедува долготрајност на батеријата.
Совет: Батеријата се испорачува полу-наполнета. За да ја
наполните целосно батеријата, пред првата употреба
ставете ја на полнач додека не се наполни целосно.
Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое
време, без да се намали нивниот рок на употреба.
Прекинот при полнењето не и наштетува на батеријата.
Литиум-јонската батерија е заштитена од длабинско
празнење со „Electronic Cell Protection (ECP)“. При
празна батерија производот е опремен со заштита од
вклучување: Машината повеќе не работи.
По автоматското исклучување на уредот, не
притискајте на прекинувачот за вклучување/
исклучување. Батеријата може да се оштети.
Внимавајте на напомените за отстранување на батериите.
Вметнување/вадење на батеријата
Забелешка: Користењето на несоодветни батерии може
да доведе до погрешно функционирање или до
оштетување на уредот.
Повторно ставете ја наполнетата батерија. Проверете
дали батеријата е правилно вклопена.
За вадење на батеријата од уредот, притиснете го
копчето за вадење на батеријата и извадете ја батеријата.
Совети при работењето
Косна површина (траење на батеријата)
Учинокот при косењето (трањето на батеријата) зависи
од својствата и условите на тревникот, густината, влагата
и должината на тревата, како и од висината на косење.
Со чести вклучувања и исклучувања на косачката се
намалува просечната моќност (траењето на батеријата).
За да постигнете оптимална моќност (траење на
батеријата), подигнете ги сечилата и косете со разумно
темпо.
Примерот подолу ја прикажува врската помеѓу висината
на сечењето и моќта на сечење во однос на користената
батерија.
Услови за косење
Многу слаба, сува трева
Висина на косење
Батерија со 3,0Ah до 100 m2
Батерија со 4,0Ah до 150 m2
Батерија со 5,0Ah до 185 m2
Батерија со 6,0Ah до 220 m2
За да го продолжите времетрањето на работа, можете да
купите дополнителна батерија преку овластен сервис.
Bosch Power Tools F 016 L94 615 | (14.02.2023)
Добавить комментарий