
Македонски | 185
uНе доближувајте ги рацете и стапалата до ротирачките
делови.
uКога косите, стоите што е можно подалеку од
косачката.
uНе носете ја косачката и не влечете ја додака моторот
работи.
uПри складирање на уредот, внимавајте тој да стои на
подот со сите 4 тркала.
uУредот носете го само за рачката за носење. Ракувајте
внимателно со рачката.
uНе вршете промени на уредот. Неовластените
модификации можат да доведат до нарушување на
безбедноста на косачката или да ја зголемат бучавата
или вибрациите.
Исклучете го уредот од струја
– Секогаш кога ја оставате косачката без надзор.
– Пред отстранување на пречка.
– Пред прегледување, чистење и поправка на машината.
– Веднаш по удирање во тврд предмет. Веднаш по
оштетување прегледајте ја машината и извршете ги
неопходните поправки.
– Ако косачката почне да вибрира неконтролирано
(проверете веднаш).
Одржување
uСекогаш носете заштитни ракавици кога работите
со оштри сечила или во нивна близина.
uПроверете сите навртки, подлошки и завртки да се
цврсто прицврстени со цел за безбедна работа со
уредот.
uРедовно проверувајте ја состојбата на корпата за
трева од абење и истрошеност.
uРедовно прегледувајте го уредот и заменувајте ги
веднаш оштетените или изабените делови.
uКога ги менувате сечилата, новите сечила треба да
бидат соодветни на уредот.
uСекогаш користете Bosch оригинални резервни
делови.
uПред складирање уредот треба да биде сув и чист. По
потреба исчеткајте го со сува, мека четка.
Напомени за оптимално користење на
батериите
uНе ја отворајте батеријата. Постои опасност од
краток спој.
Заштитете ја батеријата од топлина, на пр.
од долготрајно изложување на сончеви
зраци, оган, вода и влага. Постои опасност
од експлозија.
uНеупотребената батерија држете ја подалеку од
канцелариски спајалици, клучеви, железни пари,
клинци, шрафови или други мали метални
предмети, што може да предизвикаат
премостување на контактите. Краток спој меѓу
контактите на батеријата може да предизвика
изгореници или пожар.
uДоколку се оштети батеријата или не се користи
правилно, од неа може да излезе пареа. Внесете
свеж воздух и доколку има повредени побарајте
помош од лекар. Пареата може да ги надразни
дишните патишта.
uКористете ја батеријата само во производи од
производителот. Само на тој начин батеријата ќе се
заштити од опасно преоптоварување.
uБатеријата може да се оштети од острите предмети
како на пр. клинци или одвртувач или со
надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен
краток спој и батеријата може да се запали, да пушти
чад, да експлодира или да се прегрее.
uНе предизвикувајте краток спој на батеријата.
Инаку, постои опасност од експлозија.
uПовремено чистете ги отворите за проветрување на
батеријата со мека, чиста и сува четка.
uНаполнете го мерниот уред со испорачаниот
полнач.
Ознаки
Следните симболи се важни за читање и разбирање на
упатството за употреба. Ве молиме проучете ги
симболите и нивното значење. Точната интерпретација
на симболите ќе ви помогне подобро и побезбедно да го
користите уредот.
Ознака Значење
Правец на движење
Правец на реакција
Носете заштитни ракавици
Тежина
Вклучување
Исклучување
Дозволена функција
Забранети акции
Чујна бучава
Додатна опрема/резервни делови
Bosch Power Tools F 016 L94 615 | (14.02.2023)
Добавить комментарий