
58 | Македонски
Вибрациона дупчалка EasyImpact 570 EasyImpact 600 EasyImpact 6300
Тежина согласно
EPTA-Procedure 01:2014 kg 1,7 1,7 1,7
Класа на заштита / II / II / II
Податоците важат за номинален напон [U] од 230V. Овие податоци може да отстапуваат при различни напони, во зависност од изведбата
во односната земја.
Информации за бучава/вибрации
Вредностите за емисија на бучава се одредуваат
согласноEN62841-2-1.
Нивото на звук на електричниот алат оценето соА
типично изнесува: ниво на звучен притисок 91dB(A);
ниво на звучна јачина 102dB(A). Несигурност K=5dB.
Носете заштита за слухот!
Вкупните вредности на вибрации ah (векторски збир на
три насоки) и несигурностK дадени се во согласност
соEN62841-2-1:
Дупчење во метал: ah=3m/s2, K=1,5m/s2,
Ударно дупчење во бетон: ah=16,5 m/s2, K=1,5 m/s2.
Нивото на вибрации наведено во овие упатства и
вредноста на емисијата на бучава се измерени според
мерни постапки и можат да се користат за споредба меѓу
електрични алати. Исто така може да се прилагоди за
предвремена процена на нивото на вибрации и емисијата
на бучава.
Наведеното ниво на вибрации и вредноста на емисијата
на бучава ги претставуваат главните примени на
електричниот алат. Доколку електричниот алат се
користи за други примени, алатот што се вметнува
отстапува од нормите или недоволно се одржува, нивото
на вибрации и вредноста на емисијата на бучава можат да
отстапуваат. Ова може значително да го зголеми нивото
на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот
период на работење.
За прецизно одредување на нивото на вибрации и
емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот
во кој уредот е исклучен или работи, а не во моментот
кога е во употреба. Ова може значително да го намали
нивото на вибрации и емисијата на бучава во
целокупниот период на работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за
заштита на корисникот од влијанието од вибрациите,
како на пр.: одржување на електричните алати и алатите
за вметнување, одржување на топлината на дланките,
организирање на текот на работата.
Монтажа
uПред било каква интервенција на електричниот
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Дополнителна рачка (види слика A)
uКористете го вашиот електричен алат само со
дополнителна рачка (9).
Дополнителната рачка (9) може да ја подесите во 12
позиции, за да може безбедно и неуморно да работите.
Свртете го долниот дел на дополнителната рачка (9) во
правец на вртење ➊ и притиснете ја дополнителната
рачка (9) нанапред, додека не се навали во соодветната
позиција. Потоа повторно повлечете ја дополнителната
рачка (9) наназад и свртете го долниот дел на рачката во
правец на вртење ➋ и затегнете го.
Подесување на длабочината на дупчење (види
сликаA)
Со граничникот за длабочина (10) може да се утврди
длабочината на дупчење X.
Свртете го долниот дел на дополнителната рачка (9) во
правец спротивен на стрелките на часовникот и
поставете го граничникот за длабочина (10).
Извлечете го граничникот за длабочина(10) до степен
што растојанието меѓу врвот на дупчалката и врвот на
граничникот за длабочина(10) ќе одговара на саканата
длабочина на дупчење X.
Потоа повторно зацврстете го долниот дел на
дополнителната рачка (9) во правец на стрелките од
часовникот.
Избраздениот дел на граничникот за длабочина (10)
мора да покажува надолу.
Промена на алат
uПри менување на алатот носете заштитни ракавици.
За време на долготрајни работни процеси, главата за
дупчење може да се вжешти.
Запчеста глава за дупчење (види сликаC)
Со вртење отворете ја запчестата глава за дупчење(4)
додека не се отвори за да може да вметне алатот.
Вметнете го алатот.
Клучот за затегнување на главата за дупчење(14)
ставете го во соодветните отвори на запчестата глава за
дупчење(4) и рамномерно затегнете го алатот.
Брзозатегнувачка глава за дупчење (види сликаB)
Држете ја цврсто задната чаура (2) на
брзозатегнувачката глава за дупчење (3) и свртете ја
предната чаура (1) во правец на вртење ➊, додека не се
вметне алатот. Вметнете го алатот.
Цврсто држете ја задната чаура(2) на
брзозатегнувачката глава за дупчење(3) и рачно
затегнете ја предната чаура(1) во правец на вртење.
Алати за зашрафување
При користење на битови за одвртувачот (12) секогаш
треба да користите универзален држач за битови (13).
1 609 92A 7ET | (03.03.2022) Bosch Power Tools
Добавить комментарий