Bosch Easy Impact 12

Данная инструкция на русском языке предназначена для шуруповерта Bosch Easy Impact 12, описывает принцип работы и основные моменты эксплуатации устройства. Перед первым включением рекомендуется внимательно изучить данное руководство.

Инструкция для шуруповерта представлена в формате PDF, который поддерживается на всех современных устройствах, так что сложностей с открытием файла возникнуть не должно. Но если открыть документ не получается, установите любую программу для чтения PDF файлов, например Acrobat Reader.

Чтобы распечатать инструкцию, нужно ее сначала скачать, для этого кликните по кнопке «Скачать инструкцию», файл откроется в новой вкладке, затем нажмите комбинацию клавиш Сtrl + P и из открывшегося диалогового окна, отправьте документ на печать.

Страницы: Стр:
Македонски | 143
Македонски
Безбедносни напомени
Општи предупредувања за безбедност за
електрични алати
ПРЕДУ-
ПРЕДУВАЊЕ
Прочитајте ги сите безбедносни
предупредувања, илустрации и
спецификации приложени со
овој електричен алат. Непридржувањето до сите
упатства приложени подолу може да доведе до струен
удар, пожар и/или тешки повреди.
Зачувајте ги безбедносните предупредувања и
упатства за користење и за во иднина.
Поимот „електричен алат“ во безбедносните
предупредувања се однесува на електрични апарати што
користат струја (кабелски) или апарати што користат
батерии (акумулаторски).
Безбедност на работниот простор
uРаботниот простор одржувајте го чист и добро
осветлен. Преполни или темни простории може да
доведат до несреќа.
uНе работете со електричните алати во експлозивна
околина, како на пример, во присуство на запаливи
течности, гасови или прашина. Електричните алати
создаваат искри коишто може да ја запалат прашината
или гасовите.
uДржете ги децата и присутните подалеку додека
работите со електричен алат. Невниманието може
да предизвика да изгубите контрола.
Електрична безбедност
uПриклучокот на електричниот алат мора да
одговара на приклучницата. Никогаш не го
менувајте приклучокот. Не користите приклучни
адаптери со заземјените електрични алати.
Неизменетите приклучоци и соодветните приклучници
го намалуваат ризикот од струен удар.
uИзбегнувајте телесен контакт со заземјени
површини, како на пример, цевки, радијатори,
метални ланци и ладилници. Постои зголемен ризик
од струен удар ако вашето тело е заземјено.
uНе ги изложувајте електричните алати на дожд или
влажни услови. Ако влезе вода во електричниот алат,
ќе се зголеми ризикот од струен удар.
uНе постапувајте несоодветно со кабелот. Никогаш
не го користете кабелот за носење, влечење или
исклучување од струја на електричниот алат.
Кабелот чувајте го подалеку од оган, масло, остри
ивици или подвижни делови. Оштетени или
заплеткани кабли го зголемуваат ризикот од струен
удар.
uПри работа со електричен алат на отворено,
користете продолжен кабел соодветен за
надворешна употреба. Користењето на кабел
соодветен за надворешна употреба го намалува
ризикот од струен удар.
uАко мора да работите со електричен алат на влажно
место, користете заштитен уред за диференцијална
струја (RCD). Користењето на RCD го намалува
ризикот од струен удар.
Лична безбедност
uБидете внимателни, внимавајте како работите и
работете разумно со електричен алат. Не
користете електричен алат ако сте уморни или под
дејство на дроги, алкохол или лекови. Еден момент
на невнимание додека работите со електричните алати
може да доведе до сериозна лична повреда.
uКористете лична заштитна опрема. Секогаш носете
заштита за очи. Заштитната опрема, како на пр.,
маска за прашина, безбедносни чевли коишто не се
лизгаат, шлем или заштита за уши, коишто се користат
за соодветни услови, ќе доведат до намалување на
лични повреди.
uСпречете ненамерно активирање. Проверете дали
прекинувачот е исклучен пред да го вклучите во
струја и/или со сетот на батерии, пред да го земете
или носите алатот. Носење на електричните алати со
прстот позициониран на прекинувачот или
вклучување во струја на електричните алати чијшто
прекинувачот е вклучен, може да предизвика несреќа.
uОтстранете каков било клуч за регулирање или
француски клуч пред да го вклучите електричниот
алат. Француски клуч или клуч прикачен за
ротирачкиот дел на електричниот алат може да доведе
до лична повреда.
uНе ги пречекорувајте ограничувањата. Постојано
одржувајте соодветна положба и рамнотежа. Ова
овозможува подобра контрола на електричниот алат
во непредвидливи ситуации.
uОблечете се соодветно. Не носете широка облека и
накит. Косата и алиштата треба да бидат подалеку
од подвижните делови. Широката облека, накитот
или долгата коса може да се закачат за подвижните
делови.
uАко се користат поврзани уреди за вадење
прашина и собирање предмети, проверете дали се
правилно поврзани и користени. Собирањето
прашина може да ги намали опасностите
предизвикани од неа.
uНе дозволувајте искуството стекнато со честа
употреба на алатите да ве направи спокојни и да ги
игнорирате безбедносните принципи при нивното
користење. Невнимателно движење може да
предизвика сериозна повреда во дел од секунда.
Употреба и чување на електричните алати
uНе го преоптоварувајте електричниот алат.
Користете соодветен електричен алат за намената.
Со соодветниот електричен алат подобро, побезбедно
и побрзо ќе ја извршите работата за која е наменет.
Bosch Power Tools 1 609 92A 7WH | (03.06.2022)
Страницы: Стр: 40
Комментарии (0)

Добавить комментарий

Другие Шуруповерты Bosch