Bosch Easy GrassCut 18V-230

Данная инструкция на русском языке предназначена для триммера Bosch Easy GrassCut 18V-230, описывает принцип работы и основные моменты эксплуатации устройства. Перед первым включением рекомендуется внимательно изучить данное руководство.

Инструкция для триммера представлена в формате PDF, который поддерживается на всех современных устройствах, так что сложностей с открытием файла возникнуть не должно. Но если открыть документ не получается, установите любую программу для чтения PDF файлов, например Acrobat Reader.

Чтобы распечатать инструкцию, нужно ее сначала скачать, для этого кликните по кнопке «Скачать инструкцию», файл откроется в новой вкладке, затем нажмите комбинацию клавиш Сtrl + P и из открывшегося диалогового окна, отправьте документ на печать.

Страницы: Стр:
208 | Македонски
uБатеријата полнете ја само со полначи препорачани
од Bosch. Полнач што е погоден за полнење на еден
вид батерии може да предизвика пожар кога се
користи за полнење на некој друг, несоодветен вид на
батерии.
uЗатоа користете само батерии кои се предвидени
за уредот. Користењето на други батерии може да
доведе до повреди и опасност од пожар.
uНеупотребената батерија држете ја подалеку од
канцелариски спојувалки, клучеви, железни пари,
клинци, шрафови или други мали метални
предмети, што може да предизвикаат
премостување на контактите. Краток спој меѓу
контактите на батеријата може да предизвика
изгореници или пожар.
uПри погрешно користење, може да истече течноста
од батеријата. Избегнувајте контакт со неа.
Доколку случајно дојдете во контакт со течноста,
исплакнете ја со вода. Доколку течноста дојде во
контакт со очите, дополнително побарајте лекарска
помош. Истечената течност од батеријата може да
предизвика кожни иритации или изгореници.
uНе употребувајте комплет со батерии или алат кој е
оштетен или изменет. Оштетени или изменети
батерии може да реагираат непредвидливо и да
предизвикаат пожар, експлозија или опасност од
повреда.
uНе го изложувајте комплетот со батерии или алатот
на оган или висока температура. Изложувањето на
оган или температура над 130°C може да предизвика
експлозија.
uСледете ги сите инструкции за полнење и не го
полнете комплетот со батерии или алатот надвор од
температурниот опсег наведен во инструкциите.
Неправилното полнење или на температура надвор од
наведениот опсег може да ја оштети батеријата и да ја
зголеми опасноста од пожар.
Сервисирање
uЕлектричниот алат сервисирајте го кај
квалификувано лице кое користи само идентични
резервни делови. Со ова се овозможува безбедно
одржување на електричниот алат.
uНикогаш не поправајте оштетени сетови на
батерии. Поправката на сетови на батерии треба да ја
врши само производителот или овластен сервис.
Ракување
uРакувачот мора да ракува со производот во склад со
прописите. При ракувањето со уредот мора да ги земе
пред вид конкретните услови. При работата мора да
внимава на другите личности, а посебно на децата.
uНе дозволувајте им на деца, личности со ограничени
физички, сензорни или психички ограничувања и/или
недостаток на знаење или на личности незапознаени
со ова упатство да го употребуваат уредот. Локалните
прописи можат да ја ограничат возраста на ракувачот.
Примена
uПри работа држете го уредот цврсто со двете раце и
стојте на сигурна подлога. Со уредот безбедно се
ракува со две раце.
uПочекајте уредот потполно да застане пред да го
спуштите.
uНикогаш не користете го уредот со дефектен заштитен
капак или друга заштита, или без заштита. Внимавајте
сите заштитни елементи да се правилно монтирани.
Никогаш не употребувајте го уредот ако не е
комплетен или ако на него се извршени неовластени
поправки.
uНикогаш не употребувајте го уредот ако кабелот е
оштетен или дотрошен.
uНикогаш не менувајте ги неметалните елементи за
сечење со метални.
uНикогаш не поправајте го уредот сам, дури ни кога сте
за тоа квалификувани.
uДругите лица и животни мораат да бидат оддалечени
на соодветно растојание кога уредот работи.
Ракувачот е одговорен за трети лица во полето на
работа.
uПочекајте главата за сечење во потполност да застане
пред да ја допрете. Главата за сечење продолжува да
се врти и по гасењето на моторот и може да
предизвика повреди.
uРаботете само при дневна светлина или при добро
осветлување.
uНе работете со тримерот при лоши временски услови,
а посебно при грмотевици.
uАко го користите уредот на влажна трева, тоа може да
влијае врз ефикасноста на тримерот.
uЗа транспорт исклучете го уредот и извадете ја
батеријата.
uПри работа со тримерот секогаш внимавајте на
безбедно растојание. Нозете и рацете држете ги
подалеку од ротирачките делови на уредот.
uПри работа одржувајте рамнотежа за да не паднете.
uВнимавајте да не го згазите уредот кој лежи на земја.
uПред замена на макарата извадете ја батеријата.
uРедовно проверувајте го и одржувајте го тримерот.
uСекогаш кога го чистите уредот или го менувате
конецот, носете заштитни ракавици.
uВнимавајте да не се повредите на ножето со кое се
сече конецот за косење. После дополнување на
конецот за косење, секогаш ставете го уредот со
сечилото во хоризонтална положба пред да го
вклучите.
Исклучете го уредот и извадете ја батеријата:
секогаш кога уредот го оставате без надзор на извесно
време
за замена на макарата
за чистење или поправка
при складирање на тримерот
F 016 L94 450 | (10.05.2022) Bosch Power Tools
Страницы: Стр: 56
Комментарии (0)

Добавить комментарий

Другие Триммеры Bosch