
68 | Македонски
Вкупните вредности на вибрации ah (векторски збир на
три насоки) и несигурностK дадени се во согласност со
EN62841‑2‑11:
Сечење на шперплоча со сечило за пилаNanoBlade
Wood Basic50:
ah,B=2,5m/s2, K=1,5m/s2.
Нивото на вибрации наведено во овие упатства и
вредноста на емисијата на бучава се измерени според
мерни постапки и можат да се користат за споредба меѓу
електрични алати. Исто така може да се прилагоди за
предвремена процена на нивото на вибрации и емисијата
на бучава.
Наведеното ниво на вибрации и вредноста на емисијата
на бучава ги претставуваат главните примени на
електричниот алат. Доколку електричниот алат се
користи за други примени, алатот што се вметнува
отстапува од нормите или недоволно се одржува, нивото
на вибрации и вредноста на емисијата на бучава можат да
отстапуваат. Ова може значително да го зголеми нивото
на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот
период на работење.
За прецизно одредување на нивото на вибрации и
емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот
во кој уредот е исклучен или работи, а не во моментот
кога е во употреба. Ова може значително да го намали
нивото на вибрации и емисијата на бучава во
целокупниот период на работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за
заштита на корисникот од влијанието од вибрациите,
како на пр.: одржување на електричните алати и алатите
за вметнување, одржување на топлината на дланките,
организирање на текот на работата.
Монтажа
uПред било каква интервенција на електричниот
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Вметнување/замена на сечилото за пилата
uПри ставање или при замена на електричниот алат
носете заштитни ракавици. Алатите за вметнување
се остри и може да се загреат при подолга употреба.
uПри промена на сечилото за пила внимавајте на тоа
да не го држите електричниот алат во полето на
прекинувачот за вклучување/исклучување. При
невнимателно притискање на прекинувачот за
вклучување/исклучување постои опасност од
повреди.
uИзбегнувајте контакт со кожата, доколку сакате да
замените сечило за пила и користете неоштетени
заштитни ракавици. Сечилото за пилата при подолго
работење може да се вжешти.
uНе го затегнувајте ланецот и не го извлекувајте од
водечката единица.
Секогаш заменувајте целосно сечило за пила со друго.
Само ланецот не смее да се менува.
Бирање на сечилото за пила
Користете само сечила за пила што се соодветни за материјалот што се обработува. Сечилото за пила не треба да биде
подолго отколку што е потребно за предвидениот рез.
Сечило за пила Длабочина на резот Број за нарачка Материјали
NanoBlade Wood Basic 50mm 2 609 256 D83 Дрво, пластика (PVC, PC, PMMA)
NanoBlade Wood Speed 50mm 2 609 256 D84 Дрво, пластика (PVC, PC, PMMA)
NanoBlade Wood Speed 65mm 2 609 256 D86 Дрво, пластика (PVC, PC, PMMA)
Вметнување на сечилото за пила (видисликаA)
uВметнувајте само чисти сечила за пила. Внимавајте
исто така на прифатот за сечило за пила да нема
струготини.
НапоменаAdvancedCut50: Вметнувањето на сечилото
за пила е можно само при агол на закосување од 0°.
Со лостот за заклучување(6) отворете го капакот(7) на
прифатот за сечило за пила. Ставете го сечилото за
пила(8) во отворот на основната плоча(3) и вметнете го
во SDS-прифатот за сечило за пила(16). Внимавајте на
тоа, погонското вратило и крајот на сечилото за пила да
вклопат во жлебовите на прифатот за сечило за
пила(16).
Затворете го капакот на прифатот на сечилото за пила и
заклучете го со лостот за заклучување. Треба два пати да
слушнете како се вклопува лостот за заклучување.
Ланецот на сечилото за пила автоматски се затегнува.
Ако ланецот почне да се лизга или да се олабавува од
водечката единица, отворете го и затворете го
капакот(7) на прифатот за сечило за пила.
Вадење на сечилото за пила
Отворете го лостот за заклучување(6) и целосно
отворете го капакот(7) на прифатот за сечило за пила.
Извадете го сечилото за пила.
Заштита од кинење (видисликаB)
Заштитата од кинење(17) (опрема) може да спречи
кинење на површината при сечење на дрво. Таа може да
се користи само при агол на сечење од 0°.
За монтажа на заштитата од кинење(17) мора да се
вметне сечило за пила(8).
Притиснете ја заштитата од кинење од долу во основната
плоча(3). Исто така можно е да се вметне заштитата од
кинење во монтиран граничник за длабочина(18) или
(19) или во заштитниот капак(20) на всисувачот.
1 609 92A 660 | (25.11.2020) Bosch Power Tools
Добавить комментарий