
Македонски | 167
Косење околу дрва и грмушки
Косете внимателно околу дрва и грмушки, за да не ги
допрете со конецот. Растенијата можат да се исушат ако
им се оштети кората.
Демонтажа на макарата, мотање на конецот и
монтажа на макарата (види слики H до J)
uИсклучете го од струја при менување на макарата.
Притиснете ги двете јазичиња на капакот за конец и
тргнете го (11). Потоа извадете ја празната макара (12).
Отсечете околу 6,0 m конец од дополнителната ролна.
Свиткајте го конецот напола за да добиете два дела по три
метри 2 x 3 m. Прицврстете ја средината на конецот во
прифатот за конец (13) и равномерно намотајте го во
двете комори.
Пикнете го другиот крај на конецот низ дупчето (14) во
главата на тримерот и повторно ставете ја макарата во
главата на тримерот. Фиксирајте ја макарата со
поставување на капакот за конец (11).
Надополнување на конецот (види слика K)
Полуавтоматско надополнување на конецот
Тримерот е опремен со полуавтоматски систем за
надополнување. Продолжувањето на конецот се врши
секој пат кога макарата застанува (се ослободува
блокадата); конецот се продолжува и се крати кога
машината се вклучи повторно.
Рачно надополнување на конецот
Притиснете го копчето (15), и повлечете го конецот до
саканата должина.
Отстранување грешки
Симптом Можна причина Помош
Тримерот не работи Нема снабдување со струја Проверете и вклучете
Утикачот е неисправен Користете друг утикач
Продолжниот кабел е оштетен Проверете го кабелот и ако е потребно
заменете го
Прегорен осигурувач Заменете го осигурувачот
Тримерот работи со
прекини Продолжниот кабел е оштетен Проверете го кабелот и ако е потребно
заменете го
Неисправни внатрешни инсталации во
косачката Обратете се во Bosch служба за корисници
Моторот на тримерот
престанува Тревата е превисока Постепено забавувајте
Конецот не сече Конецот е прекраток/прекинат Рачно дополнете го конецот (види слика I)
Празна макара Замена на макарата
Конецот за косење не
се надополнува Конецот е заплеткан на макарата Проверете ја макарата и по потреба повторно
намотајте го конецот (види слика I)
Празна макара Замена на макарата
Конецот за сечење е
свиткан наназад Конецот е прекраток/прекинат Одново намотајте ја макарата
Конецот често се кине Конецот е заплеткан на макарата Проверете ја макарата и по потреба повторно
намотајте го конецот
Неправилно ракување со тримерот Косете само со врвот на конецот за косење;
избегнувајте допирање со камења, ѕидови и
други цврсти предмети. Редовно
надополнувајте го конецот за да го користите
целиот пречник на косење.
Bosch Power Tools F 016 L94 462 | (18.07.2022)
Добавить комментарий