
164 | Македонски
uВнимавајте да не се повредите на ножето со кое се
сече конецот за косење. После дополнување на
конецот за косење, секогаш ставете го уредот со
сечилото во хоризонтална положба пред да го
вклучите.
Згаснете ја машината и извадете го кабелот од утикачот:
– секогаш кога уредот го оставате без надзор на извесно
време
– за замена на макарата
– ако кабелот е заглавен
– за чистење или поправка
– пред складирање на тримерот
uЧувајте го уредот на суво и затворено место, вон
дофат на деца. Не ставајте други предмети на
производот.
Електрична безбедност
Згаснете го уредот и исклучете го од напојување пред
да го користите копчето за рачно дополнување на
конецот. Оваа функција треба да се користи само при
заглавување на конецот за сечење.
Предупредување! Пред секое одржување
или чистење на производот, згаснете го и
исклучете го од напојување. Истото важи
и ако кабелот е оштетен, прекинат или
сплеткан.
Вашиот уред е со двојна изолација и не му е потребно
заземјување. Работниот напон е 230VAC, 50Hz (за
земји вон ЕУ 220V или 240V). Употребувајте само
одобрени продолжни кабли. За подетални информации
обратете се во Вашиот Бош сервис.
За подобра безбедност користете резидуален уред (РЦД)
кој се активира на отстапување од 30mA. Резидуалниот
уред треба да се проверува пред секоја употреба.
Чувајте го напојниот и продолжниот кабел понастрана од
подвижните делови, за да се избегне оштетување на
кабелот и негов контакт со металните делови.
Кабелските врски (приклучник и приклучница) треба да
бидат суви и да не лежат на теренот.
Напојниот и продолжниот кабел мора редовно да се
проверуваат за евентуални оштетувања и да се користат
само кога се во беспрекорна состојба.
Ако напојниот кабел е оштетен, мора да се поправи од
страна на овластен сервис на Бош. Употребете само
одобрен продолжен кабел.
Користете само продолжни кабли, кабел, водови за жици
и макари со кабли што се во согласност со EN 61242 / IEC
61242 или IEC 60884-2-7 и се од типот H05VVV-F или
H05RN-F.
Ако сакате да користите продолжен кабел при употреба
на уредот, потребни ви се следните димензии на кабли:
– Пресек 1,25mm2 или 1,5mm2
– Максимална должина 30m за продолжниот кабел или
60m за кабел на навој со ФИ-заштитна склопка
Совет: Ако користите продолжен кабел, тој мора да биде
заземјен преку напојната мрежа, во склад со важечките
прописи.
За дополнителни информации контактирајте лиценциран
електричар или најблискиот Bosch сервис.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Несоодветните
продолжни кабли можат да бидат опасни.
Продолжниот кабел, утикачот и спојот со
продолжниот кабел мораат да бидат
водоотпорни.
Напомени за производите, коишто не се продаваат во
ВБ:
ВНИМАНИЕ: За Ваша безбедност потребно е утикачот на
уредот да е приклучен на продожен кабел. Спојката на
продолжниот кабел мора да биде заштитена од прскање
на вода, да се состои од гума или да биде обложена со
гума. Продолжниот кабел мора да се користи со
растеретување од напрегање.
Ознаки
Следните симболи се важни за читање и разбирање на
упатството за употреба. Ве молиме проучете ги
симболите и нивното значење. Точната интерпретација
на симболите ќе ви помогне подобро и побезбедно да го
користите уредот.
Ознака Значење
Правец на движење
Правец на реакција
Носете заштитни ракавици
Тежина
Вклучување
Исклучување
Дозволена функција
Забранети акции
Чујна бучава
Додатна опрема/резервни делови
Употреба со соодветна намена
Уредот е наменет за домашна употреба, за косење треви
и корови. Развиен е за косење треба која расте на
нагиби, на ивици и агли кои не можат да се искосат со
косачка. Уредот не треба да се користи за грмушки и
F 016 L94 462 | (18.07.2022) Bosch Power Tools
Добавить комментарий