
130 | Македонски
върждаването й от националното законодателство пра-
хосмукачки, които не могат да се използват повече, тряб-
ва да се събират отделно и да бъдат предавани за опол-
зотворяване на съдържащите се в тях суровини.
При неправилно изхвърляне старите електрически и
електронни уреди поради възможното наличие на опасни
вещества могат да окажат вредни влияния върху околна-
та среда и човешкото здраве.
Македонски
Безбедносни напомени за
всисувачи
Прочитајте ги сите безбедносни напомени
и упатства. Грешките настанати како
резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може да
предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки
повреди.
Чувајте ги безбедносните напомени и упатства за
користење и за во иднина.
uОвој всисувач не е предвиден за
користење од страна на деца и
лица со намалени психички,
физички или душевни
способности или недоволно
искуство и знаење. Инаку постои
опасност од погрешна употреба и
повреди.
uНе ги оставајте децата без
надзор. Така ќе се осигурате дека
децата нема да си играат со
всисувачот.
ПРЕДУ-
ПРЕДУВАЊЕ
Не всисувајте материјали штетни
по здравјето, на пр. прав од
буково или дабово дрво, камен,
азбест. Овие материјали важат за канцерогени.
Информирајте се за важечките одредби/закони во
Вашата земја во врска со постапувањето со честички
прав што се штетни по здравјето.
uКористете го всисувачот само сако имате доволно
информации за користењето. Деталните инструкции
ја намалуваат опасноста од погрешна употреба и
повреди.
ПРЕДУ-
ПРЕДУВАЊЕ
Всисувачот е наменет за
всисување на суви материи, а со
соодветни дополнителни мерки и
за всисување на течности. Навлегувањето на течности
го зголемува ризикот од електричен удар.
uСо всисувачот не всисувајте запаливи или
експлозивни течности, на пр. бензин, масло,
алкохол, средства за растворање. Не всисувајте
жешка, запалива или експлозивна прав. Не го
користете всисувачот во простории каде постои
опасност од експлозија. Правта, пареата или
течностите може да се запалат или да експлодираат.
ПРЕДУ-
ПРЕДУВАЊЕ
Веднаш исклучете го
всисувачот, доколку почне да
излегува пена или вода и
испразнете го контејнерот. Инаку всисувачот може да
се оштети.
uВНИМАНИЕ! Всисувачот смее да се складира само
во внатрешен простор.
uВНИМАНИЕ! Редовно чистете ја пловката и
проверете дали е оштетена. Инаку функцијата може
да се наруши.
uДоколку користењето на всисувачот во влажна
околина не може да се избегне, користете заштитен
прекинувач за диференцијална струја. Употребата
на заштитен прекинувач со диференцијална струја го
намалува ризикот од електричен удар.
uПред секое користење, проверете го всисувачот,
кабелот и приклучокот. Не го користете
всисувачот, доколку забележите оштетувања. Не
го отворајте сами всисувачот и оставете го на
поправка кај квалификуван стручен персонал, кој
користи само оригинални резервни делови.
Оштетениот всисувач, кабел и приклучок го зголемува
ризикот за електричен удар.
uНе го прегазувајте или притискајте кабелот. Не го
влечете кабелот за да го извадите приклучокот од
конекторот или за движење на всисувачот.
Оштетениот кабел го зголемува ризикот за електричен
удар.
uИзвлечете го приклучокот од конекторот, пред
одржувањето или чистењето на всисувачот, пред
регулирање на поставките на уредот, замена на
деловите или тргање настрана. Овие мерки за
предупредување го спречуваат невнимателниот старт
на всисувачот.
uПогрижете се за добра проветреност на работното
место.
uВсисувачот смее да се поправа само од страна на
квалификуван стручен персонал со оригинални
резервни делови. Само на тој начин ќе бидете
сигурни во безбедноста на всисувачот.
uПред користењето, проверете дали цревото за
всисување е во беспрекорна состојба. При
монтирањето на цревото на всисувачот, проверете
1 609 92A 7UL | (17.01.2023) Bosch Power Tools
Добавить комментарий