
Македонски | 113
Монтажа
Полнење на батеријата
uКористете ги само полначите коишто се наведени
во техничките податоци. Само овие полначи се
погодни за литиум-јонската батерија за Вашиот
електричен алат.
Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое
време, без да се намали нивниот животен век. Прекинот
при полнењето не ѝ наштетува на батеријата.
Литиум-јонската батерија е заштитена од длабоко
празнење со „Electronic Cell Protection (ECP)“. Доколку
батеријата е испразнета, батерискиот всисувач се
исклучува со заштитен прекинувач.
uПо автоматското исклучување не притискајте на
прекинувачот за вклучување/исклучување.
Батеријата може да се оштети.
За да се наполни батеријата мора да се извади од
всисувачот.
Батеријата е опремена со NTC-контрола на
температурата, што дозволува полнење само на
температура меѓу 0°C и 45°C. Со тоа се постигнува долг
рок на употреба на батеријата.
Скратеното време на работа по полнењето покажува,
дека батеријата е потрошена и мора да се замени.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Приказ за наполнетост на батеријата
Трите зелени LED-светилки на приказот за наполнетост
на батеријата(6) ја покажуваат состојбата на наполнетост
на батеријата(17). Екранот свети континуирано по
ставањето во употреба.
Доколку по вклучувањето не свети LED-светилката,
батеријата е дефектна и мора да се замени.
Приказ за грешки
– Препознавање поправливи грешки: 3LED-светилки
трепкаат.
Батеријата е прегреана.
Садот е полн со вода.
– Препознавање непоправливи грешки: средната LED-
светилка трепка.
Струјното коло за моторот е прекинато.
Заштитниот отпорник е активиран.
Ставање и вадење на батеријата (видисликаA)
uНе употребувајте сила при ставање на батеријата.
Батеријата е дизајнирана на тој начин што може да се
вметне само во правилна позиција во всисувачот.
– Вметнете ја батеријата(17) до крај во преградата за
батерии(16).
– За вадење на батеријата(17) притиснете ги копчињата
за отклучување на батеријата и извлечете ја од
преградата за батерии(16).
Држач за монтирање на опремата за
всисување (видисликаB)
Ставете го држачот на додатокот(18) на додатокот за
всисување во предвидениот прифат(13).
На држачот на додатокот(18) ќе најдете 3продолжни
цевки(33), универзален адаптер(21), заоблена
млазница(20), млазница за фуги(35) и адаптер за
дување(23).
Држачот на додатокот(18) може исто така да се зацврсти
со 2завртки на ѕид.
Подната млазница(34) може да се закачи или директно
на всисувачот (видисликаC) или на држачот за
додаток(18) (видисликаD).
Монтирање на опремата за всисување
Монтирање адаптер за всисување или заоблена
млазница (видисликаE)
Вметнете го универзалниот адаптер(21) или заоблена
млазница(20) на цревото за всисување(22) и свртете ги
универзалниот адаптер(21) или заоблената
млазница(20), додека не слушнете дека се вклопиле.
За демонтирање притиснете го копчето(32) навнатре и
повлечете ги компонентите.
Монтирање млазници и цевки
Доколку е потребно, прицврстете ги продолжните
цевки(33) цврсто една во друга, а потоа цврсто на
заоблената млазница(20).
Цврсто закачете ја подната млазница(34), млазницата за
фуги(35) или четката(36) на другиот крај на
продолжната цевка(33) или заоблената млазница(20).
На заоблената млазница(20) може да се постават и
адаптерите за дување(23).
Монтирање на цревото за всисување
Функција на всисување (видисликаF)
Вметнете го цревото за всисување(22) во отворот за
цревото за всисување(2) и вртете го до крај .
Функција на издувување (видисликаG)
Вметнете го цревото за всисување во задниот отвор за
цревото за всисување(12) и вртете го до крај .
Промена/вметнување на кеса за прав
(видисликаH) (опрема)
Отворете ги капаците(10) и извадете го горниот дел од
всисувачот(9).
Извадете го држачот за кесата за прав(24).
Вметнете ја кесата за прав(25) на држачот за кесата за
прав(24) и ставете ја кесата за прав(25) со држачот за
кесата за прав(24) во садот(1).
Вметнете го повторно горниот дел од всисувачот(9) и со
затворање на капаците(10) поврзете го садот(1) со
горниот дел од всисувачот(9).
Bosch Power Tools 1 609 92A 7UK | (17.05.2022)
Добавить комментарий