Bosch Advanced Orbit 18

Данная инструкция на русском языке предназначена для шлифовальной машины Bosch Advanced Orbit 18, описывает принцип работы и основные моменты эксплуатации устройства. Перед первым включением рекомендуется внимательно изучить данное руководство.

Инструкция для шлифовальной машины представлена в формате PDF, который поддерживается на всех современных устройствах, так что сложностей с открытием файла возникнуть не должно. Но если открыть документ не получается, установите любую программу для чтения PDF файлов, например Acrobat Reader.

Чтобы распечатать инструкцию, нужно ее сначала скачать, для этого кликните по кнопке «Скачать инструкцию», файл откроется в новой вкладке, затем нажмите комбинацию клавиш Сtrl + P и из открывшегося диалогового окна, отправьте документ на печать.

Страницы: Стр:
Македонски | 177
Напомена: Предуслов за намалени вибрации на
електричниот алат при работата е точно позициониран
брусен лист.
Избор на брусен диск
Во зависност од употребата, електричниот алат може да
се опреми со брусни дискови со различна цврстина:
Средно меки брусни дискови (црни): соодветни за
сите брусни работи, се поставуваат универзално.
Меки брусни дискови (сиви, опрема): соодветни за
меѓубрусење и фино брусење и на заоблени
површини.
Замена на брусен диск (види слики D–E)
Напомена: Веднаш заменете ги оштетените брусни
дискови (6).
Извлечете го брусниот лист одн. алатот за полирање.
Целосно одвртете ги четирите завртки (12) и извадете го
брусниот диск (6).
Исчистете ја горната страна на новиот брусен диск (6).
Намастете го сиво шрафираниот надворешен прстен
прикажан на сликата со тенок слој на синтетичка маст.
Ставете го новиот брусен диск (6) и повторно затегнете
ги четирите завртки.
Напомена: Оштетениот носач на брусен диск смее да се
замени само од овластена сервисна служба за
електрични алати на Bosch.
Вшмукување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат за канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.
Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
uИзбегнувајте собирање прав на работното место.
Правта лесно може да се запали.
Сопствено всисување со кутија за прав
(види слики F–I)
Ставете ја кутијата за прав (5) на млазниците за
издувување (14), додека не се вклопи.
Нивото на наполнетост на кутијата за прав (5) може лесно
да се контролира преку транспарентниот резервоар.
За да ја испразните кутијата за прав (5) извлечете ја
надолу вртејќи.
Пред да ја отворите кутијата за прав (5) тропнете со неа
на цврста подлога, како што е прикажано на сликата, за
да ја отстраните правта од филтерот.
Фатете ја цврсто кутијата за прав (5), преклопете го
филтерот (15) нагоре и испразнете ја кутијата за прав.
Исчистете ги ламелите на филтерот (15) со мека четка.
Напомена: За да овозможите оптимално всисување на
прав, редовно празнете ја кутијата за прав (5) и редовно
чистете го филтерот (15).
При работа на вертикални површини, држете го
електричниот алат така што кутијата за прав (5) ќе
покажува надолу.
Надворешно всисување (види слика J)
Вметнете го адаптерот за всисување(19) (опрема) на
црево за всисување(16) (опрема), така што ќе се слушне
кога ќе се вклопи. Поврзете го адаптерот за
всисување(19) со млазниците за всисување(14) на
електричниот алат и цревото за всисување(16) со
всисувач (опрема).
Всисувачот за прашина мора да е соодветен на
материјалот на парчето што се обработува.
При всисување на честички прав кои се особено опасни
по здравје, канцерогени или суви, користете специјален
всисувач.
При работа на вертикални површини, држете го
електричниот алат така што цревото за всисување ќе
покажува надолу.
Дополнителна рачка (види слика K)
Дополнителната рачка (7) овозможува удобно ракување
и оптимална распределба на јачината, пред сè при
отстранување на голема количина материјал при
брусење.
За брусење близу до рабови, може да ја извадите
дополнителната рачка. Одвртете ја пеперутка-навртката
(18) и извлечете завртката (17) од куќиштето. Потоа
извлечете ја дополнителната рачка (7) нанапред.
За одново да ја монтирате дополнителната рачка (7)
притиснете ја од напред на куќиштето, така што ламелите
на дополнителната рачка ќе се вклопат во отворите на
куќиштето. Цврсто затегнете ги дополнителната рачка
(17) и пеперутка-навртката (18).
Подесување на дополнителната рачка (види слика L)
Помошната рачка може да се постави во три позиции. За
промена на позицијата олабавете ја пеперутка-навртката
(18) (околу 2–3 завртувања). Подесете ја
дополнителната рачка и повторно затегнете ја пеперутка-
навртката.
Bosch Power Tools 1 609 92A 7UF | (25.05.2022)
Страницы: Стр: 53
Комментарии (0)

Добавить комментарий

Другие Шлифмашины Bosch