
240 | Македонски
uКористете ја батеријата само во производи од
производителот. Само на тој начин батеријата ќе се
заштити од опасно преоптоварување.
uБатеријата може да се оштети од острите предмети
како на пр. клинци или шрафцигер или надворешно
влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и
батеријата може да се запали, пушти чад, експлодира
или да се прегрее.
uНе предизвикувајте краток спој на батеријата.
Инаку, постои опасност од експлозија.
uПовремено чистете ги отворите за проветрување на
батеријата со мека, чиста и сува четка.
Безбедносни напомени за полначи
Прочитајте ги сите безбедносни
предупредувања и упатства.
Непочитувањето на безбедносните
предупредувања и упатства може да доведе
до електричен удар, пожар и/или сериозни повреди.
Чувајте ги сите безбедносни предупредувања и
упатства за идни консултации.
uКористете го полначот само откако ќе ги проучите сите
функции и може да ги примените истите без
ограничувања или откако ќе ги добиете потребните
упатства.
uНе дозволувајте им на деца, личности со ограничени
физички, сензорни или психички ограничувања и/или
недостаток на знаење или на личности незапознаени
со ова упатство да го употребуваат уредот. Државните
прописи можат да ја ограничат возраста на ракувачот.
uНадгледувајте ги децата. Така ќе се осигурате дека
децата нема да си играат со полначот.
uПолнете само Bosch литиум-јонски акумулатори со
капацитет од 1,5Ah (од 5 акумулаторски ќелии).
Напонот на батеријата мора да одговара на напонот за
полнење на батеријата на полначот. Не пробувајте да
полните батерии кои не се полнливи. Во спротивно,
постои ризик од пожар и од експлозија.
Полначот држете го подалеку од дожд и
влага. Навлегувањето на вода во полначот
го зголемува ризикот од електричен удар.
uОдржувајте ја чистотата на полначот. Доколку се
извалка, постои опасност од електричен удар.
uПред секое користење, проверете ги полначот,
кабелот и приклучокот. Не го користете полначот,
доколку забележите оштетувања. Не го отворајте
сами полначот и оставете го на поправка кај
квалификуван стручен персонал кој ќе користи
само оригинални резервни делови. Оштетениот
полнач, кабел и приклучок го зголемува ризикот за
електричен удар.
uНе го користете полначот на лесно запалива
подлога (на пр. хартија, текстил итн.) одн. во
запалива околина. Постои опасност од пожар заради
затоплувањето на уредот што произлегува при
полнењето.
uНе ги покривајте отворите за проветрување на
полначот. Инаку полначот може да се прегрее и да не
функционира правилно.
uЗа зголемена електрична безбедност, препорачуваме
употреба на уред за резидуална струја со макс. јачина
на струја од 30 mA. Секогаш проверете ја Фи-
заштитната склопка пред употреба.
Ознаки
Следните симболи се важни за читање и разбирање на
упатството за употреба. Ве молиме проучете ги
симболите и нивното значење. Точната интерпретација
на симболите ќе ви помогне подобро и побезбедно да го
користите уредот.
Ознака Значење
Носете заштитни ракавици
Правец на движење
Правец на реакција
Тежина
Вклучување
Исклучување
Дозволена функција
Забранети акции
Чујна бучава
Додатна опрема/резервни делови
Препорачани подесувања за косење
трева
Препорачани подесувања за косење
агли
Препорачани подесувања за
поткастрување грмушки
Употреба со соодветна намена
Уредот е наменет за домашна употреба, за косење треви
и корови. Развиен е за косење треба која расте на
нагиби, на ивици и агли кои не можат да се искосат со
F 016 L94 460 | (21.07.2022) Bosch Power Tools
Добавить комментарий