
158 | Македонски
се искриви ако слободно ротира надвор од делот што
се обработува, и да се повредите.
uПритискајте само во директна линија со бургијата и
не вршете преголем притисок. Бургиите може да се
искриват и скршат, со што може да изгубите контрола
и да се повредите.
Дополнителни безбедносни напомени
uДоколку се блокира алатот што се вметнува,
веднаш исклучете го електричниот алатот. Бидете
претпазливи со високите реакциски моменти, што
може да предизвикаат повратен удар. Алатот што се
вметнува се блокира, ако електричниот алат се
преоптовари или се навали кон делот што се
обработува.
uКористете соодветни уреди за пребарување, за да
ги пронајдете скриените електрични кабли или
консултирајте се со локалното претпријатие за
снабдување со електрична енергија. Контактот со
електрични кабли може да доведе до пожар и струен
удар. Оштетувањето на гасоводот може да доведе до
експлозија. Навлегувањето во водоводни цевки
предизвикува оштетување.
uПочекајте додека електричниот алат сосема не
прекине со работа, пред да го тргнете настрана.
Алатот што се вметнува може да се блокира и да
доведе до губење контрола над уредот.
uЗацврстете го парчето што се обработува. Доколку
го зацврстите со уред за затегнување или менгеме,
тогаш парчето што се обработува се држи поцврсто
отколку со Вашата рака.
uПри оштетување и непрописна употреба на
батеријата може да излезе пареа. Батеријата може
да се запали или да експлодира. Внесете свеж
воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар.
Пареата може да ги надразни дишните патишта.
uНе ја отворајте батеријата. Постои опасност од
краток спој.
uБатеријата може да се оштети од острите предмети
како на пр. клинци или одвртувач или со
надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен
краток спој и батеријата може да се запали, да пушти
чад, да експлодира или да се прегрее.
uКористете ја батеријата само во производи од
производителот. Само на тој начин батеријата ќе се
заштити од опасно преоптоварување.
Заштитете ја батеријата од топлина, на пр.
од долготрајно изложување на сончеви
зраци, оган, нечистотии, вода и влага.
Инаку, постои опасност од експлозија и
краток спој.
uКратко по употребата не ги допирајте алатите за
вметнување или соседните делови на куќиштето.
За време на работата тие може да бидат многу жешки и
да предизвикаат изгореници.
uАлатот за вметнување може да се заглави за време
на дупчењето. Обезбедете сигурна положба и
цврсто држете го електричниот алат со двете раце.
Во спротивно, може да ја изгубите контролата врз
електричниот алат.
uБидете внимателни за време на кршењето со длето.
Деловите што паѓаат од материјалот за кршење може
да ги повредат присутните или себе си.
Опис на производот и
перформансите
Прочитајте ги сите безбедносни
напомени и упатства. Грешките настанати
како резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за
користење.
Употреба со соодветна намена
Електричниот алат е наменет за ударно дупчење во
бетон, цигли и камен. Тој исто така е погоден за дупчење
без удари во дрво и метал како и за завртување.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на електричниот алат на графичката страница.
(1) Прифат за алат SDS-Quick/шестаголен
(2) Капак за заштита од прав
(3) Чаура за заклучување
(4) Прекинувач „Дупчење/ударно дупчење“
(5) Приказ за правец на вртење со десен тек
(6) Приказ за правец на вртење со лев тек
(7) Прекинувач за менување на правецот на
вртење
(8) Прекинувач за вклучување/исклучување
(9) Приказ за наполнетост на батеријата
(10) Батеријаa)
(11) Светилка „PowerLight“
(12) Универзален држач за битовиa)
(13) Бит за одвртувачa)
(14) Битови за одвртувач за топчест затворачa)
(15) Дупчалка со шестаголен прифатa)
(16) Дупчалка со SDS-Quick-прифатa)
(17) Рачка (изолирана површина на дршката)
(18) Копче за отклучување на батеријата
(19) Брзозатегнувачка глава за дупчењеa)
(20) Предна чаура на брзозатегнувачката глава за
дупчењеa)
1 609 92A 84W | (18.07.2022) Bosch Power Tools
Добавить комментарий