
160 | Македонски
Капак (види сликиFиG) (PST800PEL/PST8000PEL/
PST8500PEL)
Монтирајте го заштитниот капак (10), пред да го
приклучите електричниот алат на всисувач за прашина.
Вметнете го заштитниот капак (10) на електричниот алат
така што средниот држач ќе се вклопи на заштитата од
допир (19) и двата надворешни држачи ќе се вклопат во
процепите на куќиштето.
Извадете го заштитниот капак (10) за работење без
всисувач за прашина како и за сечење под агол. За тоа
притиснете го капакот на висина на надворешните
држачи и извлечете го нанапред.
Приклучување на всисувач за прав
Вметнете го адаптерот за всисување(4) (опрема) на
црево за всисување(5) (опрема), така што ќе се слушне
кога ќе се вклопи. Поврзете го адаптерот за
всисување(4) со млазниците за всисување(3) на
електричниот алат и цревото за всисување(5) со
всисувач (опрема).
Прегледот за приклучување на различните видови на
всисувачи за прашина ќе го најдете на крајот од ова
упатство.
За оптимално всисување, по можност поставете ја
заштитата од кинење (17).
Исклучете го уредот за оддувување на струготините, ако
го имате приклучено всисувачот за прашина.
Всисувачот за прашина мора да е соодветен на
материјалот на парчето што се обработува.
При всисување на особено опасни по здравје,
канцерогени или суви честички прав, користете
специјален всисувач.
Употреба
Начини на работа
uПред било каква интервенција на електричниот
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Подесување на осцилации
Осцилациите што се подесуваат на четири нивоа
овозможуваат оптимално прилагодување на брзината,
капацитетот и сликата на сечење на материјалот што се
обработува.
Со рачката за подесување (8) можете да ги поставите
осцилациите и за време на работата.
нема осцилации
мали осцилации
средни осцилации
големи осцилации
Оптималниот степен на осцилирање за односната
примена може да се одреди со практичен обид. Притоа
важат следните препораки:
– Доколку го изберете степенот на осцилирање што
помал одн. целосно го исклучите, толку ќе биде
подобар и почист исечениот раб.
– При обработка на тенки материјали (на пр. лимови)
исклучете го осцилирањето.
– Кај тврди материјали (на пр. челик) работете со мало
осцилирање.
– Кај меки материјали и при сечење на дрво во правец
на влакната може да се работи со максимално
осцилирање.
Подесување на аголот на закосување (види сликаH)
Основната плоча (7) може да се навали кон десно или
кон лево за сечење под агол до 45°.
Заштитниот капак (10) и заштитата од кинење (17) не
можат да се вметнат при сечење со закосување.
– Извадете ја заштитата од кинење (17).
– PST800PEL/PST8000PEL/PST8500PEL: извадете го
капакот (10) и извлечете го депото за сечило за пила
(6) од основната плоча (7).
– Олабавете ја завртката (20) и притиснете ја основната
плоча (7) лесно во правец на мерните млазници (3).
– За подесување на прецизен агол на закосување,
основната плоча од десната и левата страна има точки
за вклопување на 0°, 22,5° и 45°. Навалете ја
основната плоча (7) согласно скалата (21) во саканата
позиција. Другите агли на косо сечење може да се
подесат со помош на агломер.
– Потоа притиснете ја основната плоча (7) до крај во
правец на сечилото за пила (16).
– Повторно затегнете ја завртката (20).
Контрола на линијата на сечење при накосени засеци
(PST800PEL/PST8000PEL/PST8500PEL)
(22) (12) (11) (7) (23) (21)
За контролата на линиите на сечење на контролниот
прозорец за CutControl (12) има ознака (22) за
правоаголниот засек со 0° и по една ознака (23) за аголот
на закосување со 45° кон десно и кон лево соодветно на
скалата (21).
Ознака за сечење за аголот на закосување меѓу 0° и 45°
се пресметува пропорционално. Таа може дополнително
да се нанесе на контролниот прозорец за CutControl
(12) со неперманентен маркер и повторно да се
отстрани.
1 609 92A 84T | (04.08.2022) Bosch Power Tools
Добавить комментарий