
68 | Македонски
означената линија за сечење на делот што се обработува.
На CutControl припаѓаат контролниот прозорец (10) со
ознаките за сечење и основата (11) за прицврстување на
електричниот алат.
CutControl прицврстување на основната плоча
(видисликаD)
Прицврстете го контролното прозорче за CutControl
(10) во држачите на подлогата (11). Потоа лесно
притиснете ја подлогата и нека се вклопи во прифатот за
опремата на (16) основната плоча (6).
Вшмукување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат за канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
uИзбегнувајте собирање прав на работното место.
Правта лесно може да се запали.
Приклучување на всисувач за прав
Вметнете го адаптерот за всисување(4) (опрема) на
црево за всисување(3) (опрема), така што ќе се слушне
кога ќе се вклопи. Поврзете го адаптерот за
всисување(4) со млазниците за всисување(5) на
електричниот алат и цревото за всисување(3) со
всисувач (опрема).
Прегледот за приклучување на различните видови на
всисувачи за прашина ќе го најдете на крајот од ова
упатство.
За оптимално всисување, по можност поставете ја
заштитата од кинење (15).
Исклучете го уредот за оддувување на струготините, ако
го имате приклучено всисувачот за прашина.
Всисувачот за прашина мора да е соодветен на
материјалот на парчето што се обработува.
При всисување на особено опасни по здравје,
канцерогени или суви честички прав, користете
специјален всисувач.
Употреба
Начини на работа
uПред било каква интервенција на електричниот
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Подесување на аголот на закосување
(видисликиE–F)
Основната плоча (6) може да се навали кон десно или
кон лево за сечење под агол до 45°.
Заштитата од кинење (15) не може да се примени за
сечење под агол.
– Вметнете го сечилото за пила (9).
– Извадете ја заштитата од кинење (15).
– Олабавете ја завртката (18) и лесно вметнете ја
основната плоча (6) во правец на млазниците за
всисување (5).
– За подесување на прецизен агол на закосување,
основната плоча од десната и левата страна има точки
за вклопување на 0°, 22,5° и 45°. Навалете ја
основната плоча (6) согласно скалата (19) во саканата
позиција. Другите сечења под агол може да се подесат
со помош на агломер.
– Потоа притиснете ја основната плоча (6) до крај во
правец на сечилото за пила (9).
– Поместете го држачот (17) на тој начин што водечкиот
валјак (8) ќе лежи на задниот дел на сечилото за пила.
Можни се прецизни сечења само ако водечкиот валјак
лежи блиску до задниот дел на сечилото за пила.
– Повторно затегнете го шрафот (18).
Контрола на линијата за сечење при сечење под агол
(20) (10) (11) (6) (21) (19)
За контролата на линиите на сечење на контролниот
прозорец за CutControl (10) има ознака (20) за
правоаголниот засек со 0° и по една ознака (21) за аголот
на закосување со 45° кон десно и кон лево соодветно на
скалата (19).
Ознака за сечење за аголот на закосување меѓу 0° и 45°
се пресметува пропорционално. Таа може дополнително
да се нанесе на контролниот прозорец за CutControl
(10) со неперманентен маркер и повторно да се
отстрани.
За прецизно работење најдобро е да направите пробен
рез.
1 609 92A 67Y | (25.02.2021) Bosch Power Tools
Добавить комментарий