
50 | Македонски
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
uИзбегнувајте собирање прав на работното место.
Правта лесно може да се запали.
Сопствено всисување со кутија за прав
(види слики A1–A4)
Ставете ја кутијата за прав (2) на млазниците за
издувување (6), додека не се вклопи.
За да ја испразните кутијата за прав (2) извлечете ја
надолу.
Пред да ја отворите кутијата за прав (2) тропнете со неа
на цврста подлога, како што е прикажано на сликата, за
да ја отстраните правта од филтерот.
Фатете ја цврсто кутијата за прав (2), преклопете го
филтерот (7) нагоре и испразнете ја кутијата за прав.
Исчистете ги ламелите на филтерот (7) со мека четка.
Редовното празнење на кутијата за прав(2) гарантира
оптимална јачина на всисување.
Надворешно всисување (види сликаB)
Вметнете го адаптерот за всисување(9) (опрема) на
црево за всисување(8) (опрема), така што ќе се слушне
кога ќе се вклопи. Поврзете го адаптерот за
всисување(9) со млазниците за всисување(6) на
електричниот алат и цревото за всисување(8) со
всисувач (опрема).
Прегледот за приклучување на различните видови на
всисувачи за прашина ќе го најдете на крајот од ова
упатство.
Всисувачот за прашина мора да е соодветен на
материјалот на парчето што се обработува.
При всисување на честички прав кои се особено опасни
по здравје, канцерогени или суви, користете специјален
всисувач.
Замена на сечилото за пила (види слика C)
uКористете го електричниот алат само доколку е
поставен брусниот лист.
Пред да ставите нов брусен лист, отстранете ги
нечистотијата и правта од брусната плоча (3), на пр. со
четкичка.
За овозможување на оптимално всисување на прав,
внимавајте на тоа, отворите на брусниот лист да
одговараат со отворите на брусната плоча.
Брусната плоча (3) е опремена со леплива лента, така
што брусните листови со леплива лента може брзо и
едноставно да се прицврстат.
Истресете ја лепливата лента од брусната плоча (3) пред
поставување на брусниот лист (4), за да овозможите
оптимално слепување.
Брусниот лист(4) има 2резервни врвови. Доколку е
истрошен врвот на брусниот лист, заменете го со
резервниот врв на брусниот лист.
Брусниот лист (4) ставете го израмнето на едната страна
од брусната плоча (3), поставете го брусниот лист на
брусната плоча и притиснете го добро.
За вадење на брусниот лист (4) фатете го за врвот и
извлечете го од брусната плоча (3).
Избор на брусен лист
Во согласност со материјалот што се обработува и обемот
на стругање, на располагање ви се различни брусни
листови:
Примена Гранулација
За обработка на сите материјали, како на пр.
дрво, боја, маса за полнење, лак, цврсто и
меко дрво, како и иверки
40–180
За претходно брусење, на пр. за
груби нерендани греди и даски грубо 40
За рамно брусење и израмнување
на мали нерамнини средно 80, 120
За завршно и фино брусење на
цврсти дрва фино 180
Употреба
Ставање во употреба
uВнимавајте на електричниот напон! Напонот на
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
електричниот уред. Електричните алати означени
со 230V исто така може да се користат и на 220V.
Вклучување/исклучување
uПроверете дали можете да го притиснете
прекинувачот за вклучување/исклучување, без да
ја отпуштите рачката.
За вклучување на електричниот алат притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (1) надолу,
така што на прекинувачот ќе се појави „1“.
За исклучување на електричниот алат притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (1) нагоре,
така што на прекинувачот ќе се појави „0“.
1 609 92A 68Y | (14.04.2021) Bosch Power Tools
Добавить комментарий