
90 | Македонски
Алат за вметнување Материјал Примена
HCS мулти сечило Кровна битуменска
подлога, теписи,
вештачка трева, картон,
PVC-подови
Брзо и прецизно сечење на мек материјал и
флексибилни абразивни материјали;
Пример: сечење на теписи, картон, PVC-подови,
кровни панели и др.
Стругач, цврст Теписи, малтер, бетон,
лепак за плочки Стругање на цврста подлога;
Пример: отстранување на малтер, лепак за плочки,
остатоци од бетон и од лепило на теписи
Сечило,
флексибилно Лепак за теписи,
остатоци од боја,
силикон
Флексибилно стругање на мека подлога;
Пример: отстранување на силиконски фуги, остатоци
од лепак за теписи и остатоци од боја
Биметален
сегментен
назабен нож
Изолационен материјал,
изолациски плочи,
подни плочи, плочи за
звучна изолација,
картон, теписи, гума,
кожа
Прецизно сечење на меки материјали;
Пример: сечење на изолациони панели, рамно сечење
на издаден изолациски материјал
HM-Riff брусно
јазиче Дрво, боја Брусење на дрво или боја на тешко пристапни места
без брусна хартија;
Пример: брусење на боја помеѓу ламелите на
прозорските ролетни, брусење на дрвени подови во
аглите
HM-Riff лист за
сечење со
вдлабнување
Стаклени влакна,
малтер, дрво Сечења со вдлабнување во високо абразивни
материјали;
Пример: глодање на тенки мозаични плочки
HCS-универзален
секач за фуги Дилатациски фуги, кит за
прозорци, изолациски
материјали (камена
волна)
Сечење и разделување на меки материјали;
Пример: сечење на силиконски дилатациски фуги или
кит за прозорци
Монтирање/менување на алатот што се вметнува
(видисликиAиB)
Доколку треба, изведете го монтираниот алат за
вметнување.
За да го извадите алатот што се вметнува, со клуч со
внатрешна шестаголна глава(10) олабавете ја затезната
завртка(9) и извадете го алатот.
Поставете го соодветниот алат за вметнување (на пр. лист
за сечење со вдлабнување(8)) во прифатот за алат(6),
така што коленото ќе покажува надолу (погледнете ја
сликата на графичката страница, натписот на алатот што
се вметнува се чита од горната страна).
Свртете го алатот што се вметнува во поволна работна
позиција и оставете го да се вклопи во запците на
прифатот за алат(6). Притоа можни се дванаесет
позиции на 30°.
За полесна монтажа, вградениот магнет(7) го држи
електричниот алат во посакуваната позиција.
Прицврстете го алатот за вметнување со затегнувачката
завртка(9). Затегнете ја затегнувачката завртка со клуч
со внатрешна шестаголна глава (10) додека не легне на
алатот за вметнување.
uПроверете дали е стабилен алатот за вметнување.
Доколку алатот за вметнување е погрешно или не е
сигурно зацврстен, може да се олабави за време на
работењето и да предизвика опасност.
Монтирање и подесување на граничникот за
длабочина
Граничникот на длабочина(13) може да се користи при
работа со сегментни листови за пила.
Доколку треба, изведете го монтираниот алат за
вметнување.
Турнете го граничникот за длабочина(13) до крај и со
испишаната страна нагоре над прифатот за алат(6) на
затезното грло на електричниот алат.
Граничникот за длабочина е предвиден за следните
длабочини на сечење:
– Со сегментни листови за сечење ACZ85.. со
дијаметар 85mm: длабочина на сечење 8mm, 10mm,
12mm и 14mm (податоците се на граничникот за
длабочина со големи букви и без загради).
– Со сегментни листови за сечење ACZ100.. со
дијаметар 100mm: длабочина на сечење 14mm,
16mm, 18mm и 20mm (податоците се на граничникот
за длабочина со мали букви и без загради).
1 609 92A 67T | (01.12.2020) Bosch Power Tools
Добавить комментарий