Bosch PEX 220 A

Данная инструкция на русском языке предназначена для шлифовальной машины Bosch PEX 220 A, описывает принцип работы и основные моменты эксплуатации устройства. Перед первым включением рекомендуется внимательно изучить данное руководство.

Инструкция для шлифовальной машины представлена в формате PDF, который поддерживается на всех современных устройствах, так что сложностей с открытием файла возникнуть не должно. Но если открыть документ не получается, установите любую программу для чтения PDF файлов, например Acrobat Reader.

Чтобы распечатать инструкцию, нужно ее сначала скачать, для этого кликните по кнопке «Скачать инструкцию», файл откроется в новой вкладке, затем нажмите комбинацию клавиш Сtrl + P и из открывшегося диалогового окна, отправьте документ на печать.

Страницы: Стр:
58 | Македонски
Пред да ја отворите кутијата за прав (2) тропнете со неа
на цврста подлога, како што е прикажано на сликата, за
да ја отстраните правта од филтерот.
Фатете ја кутијата за прав (2) за вградената рачка,
преклопете го филтерот (8) нагоре и испразнете ја
кутијата за прав. Исчистете ги ламелите на филтерот (8)
со мека четка.
Напомена: За да овозможите оптимално всисување на
прав, редовно празнете ја кутијата за прав (2) и редовно
чистете го филтерот (8).
При работа на вертикални површини, држете го
електричниот алат така што кутијата за прав (2) ќе
покажува надолу.
Надворешно всисување (види слика C)
Ставете го адаптерот за всисување (10) на млазниците за
издувување (6). Внимавајте на тоа, да се вклопи лостот
за фиксирање на адаптерот за всисување. На адаптерот
за всисување (10) може да се приклучи црево за
всисување со дијаметар од 19mm.
Всисувачот за прашина мора да е соодветен на
материјалот на парчето што се обработува.
При всисување на честички прав кои се особено опасни
по здравје, канцерогени или суви, користете специјален
всисувач.
Врз основа на TRGS 553 во Германија неопходно е
користење тестирани уреди за всисување на прав
настаната при обработка на дрво, а сопственото
всисување не смее да се користи во комерцијални
предели. Комерцијалните корисници мора да ги
разјаснат специјалните барања за други материјали со
надлежното здружение на професионалци.
При работа на вертикални површини, држете го
електричниот алат така што цревото за всисување ќе
покажува надолу.
За демонтажа на адаптерот за всисување (10)
притиснете на неговиот лост за фиксирање од задната
страна и извлечете го адаптерот за всисување.
Употреба
Ставање во употреба
uВнимавајте на електричниот напон! Напонот на
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
електричниот уред. Електричните алати означени
со 230V исто така може да се користат и на 220V.
Вклучување/исклучување
uПроверете дали можете да го притиснете
прекинувачот за вклучување/исклучување, без да
ја отпуштите рачката.
За вклучување на електричниот алат, навалете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (1) во
позиција „I“.
За исклучување на електричниот алат, притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (1) во
позиција „0“.
Кочница на брусниот диск
Вградената кочница на брусниот диск го намалува бројот
на осцилации при празен од, така што при ставањето на
електричниот апарат на делот што се обработува, се
спречува создавањето на гребнатини.
Доколку бројот на осцилации при празен од постојано се
накачува со текот на времето, тоа значи дека брусниот
диск е оштетен и мора да се замени или пак значи дека
кочницата на брусниот диск е истрошена. Истрошената
кочница на брусниот диск мора да се замени од страна на
овластена сервисна служба за Bosch-електрични алати.
Совети при работењето
uПред било каква интервенција на електричниот
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
uПочекајте додека електричниот алат сосема не
прекине со работа, пред да го тргнете настрана.
Брусење на површини
Вклучете го електричниот алат, поставете го со целата
површина за брусење на подлогата што се обработува и
движете го со благ притисок преку парчето што го
обработувате.
Капацитетот на отстранување и сликата на брусење во
главно се одредуваат според изборот на брусниот лист и
притисокот на површината.
Само беспрекорните брусни листови може да придонесат
за добар капацитет на брусење и одржување на
електричниот алат.
Внимавајте на рамномерноста на притисокот, за да го
зголемите рокот на употреба на алатот што се бруси.
Прекумерното зголемување на притисокот врз
површината не води кон зголемен капацитет на брусење,
туку кон поголемо изабување на електричниот апарат и
брусниот лист.
Брусниот лист со кој сте обработувале метал, не го
користете за други материјали.
Користете само оригинална Bosch брусна опрема.
Грубо брусење
Поставете брусен лист со груба гранулација.
Лесно притиснете го пневматскиот алат, за да работи со
поголем број на осцилации и да се постигне поголем
капацитет на отстранување на материјалот.
Фино брусење
Поставете брусен лист со фина гранулација.
Со мала промена на притисокот на површината може да
се намали бројот на осцилации на брусниот диск, при што
се задржува ексцентричното движење.
Движете го електричниот алат со рамномерен притисок
кружно по површината или наизменично по должина или
попречно на делот што се обработува. Не го накосувајте
1 609 92A 679 | (03.03.2021) Bosch Power Tools
Страницы: Стр: 38
Комментарии (0)

Добавить комментарий

Другие Шлифмашины Bosch