
182 | Македонски
uСледете ги сите упатства за полнење и не го
полнете сетот на батерии или алатот надвор од
температурниот опсег наведен во упатствата.
Неправилното полнење или на температура надвор од
наведениот опсег може да ја оштети батеријата и да ја
зголеми опасноста од пожар.
Сервисирање
uЕлектричниот алат сервисирајте го кај
квалификувано лице кое користи само идентични
резервни делови. Со ова се овозможува безбедно
одржување на електричниот алат.
uНикогаш не поправајте оштетени сетови на
батерии. Поправката на сетови на батерии треба да ја
врши само производителот или овластен сервис.
Безбедносни правила за електричните
ножици за жива ограда
uЧувајте ги сите делови на своето тело подалеку од
сечилото. Не обидувајте се да ги отстраните
заглавените отпадоци од сечилото додека
машината е вклучена. Сечилото се движи и по
гаснењето на моторот. Еден момент на невнимание
при работа со електричните ножици за жива ограда
може да резултира со тешки повреди.
uНожиците за режење држете ги за рачките додека
сечилото мирува и внимавајте да не го притиснете
копчето за вклучување. Внимателното држење на
ножиците го намалува ризикот од случајно
вклучување и повредите кои можат да настанат како
последица од тоа.
uКога ги пренесувате или складирате електричните
ножици секогаш ставете ја заштитната футрола.
Внимателното ракување со машината го намалува
ризикот од повреда.
uОбавезно исклучете ги сите прекинувачи за
вклучување-/исклучување, одстранете ја или
извадете батеријата кога сакате да отстраните
заглавени исечоци или при сервисирање на уредот.
Случајното стартување на ножиците при отстранување
на заглавен отпадок може да доведе до тешки
последици.
uДржете ги ножиците само за изолираните рачки,
зошто сечилото може да дојде во допир со скриени
електрични инсталации. Контактот на сечилото со
кабли може да ги наелектризира металните делови на
пилата и да доведе до струен удар на ракувачот.
uСите струјни кабли чувајте ги понастрана од полето
на режење. Во грмушките кои ги режете може да има
скриени струјни кабли и жици и така случајно сечилото
од ножиците да дојде во контакт со нив.
uНе користете ги ножиците при невреме, особено
кога постои опасност од грмотевици. Со тоа ќе ја
намалите веројатноста да Ве удри гром.
Безбедносни напомени за тримерот за
грмушки и трева
uОваа машина не е наменета на
личности (и деца) со ограничени
физички, сензорни или душевни
можности, со недостаток на
искуство и знаење, освен ако не
им се обезбедени соодветни
инструкции или надзор за
употреба на машината од страна на
личност одговорна за нивната
безбедност. Децата треба да бидат
под надзор да не си играат со
уредот.
uНикогаш не дозволувајте им на
деца и луѓе кои не се запознаени
со овие инструкции да го користат
уредот. Локалните прописи можат
да ја ограничат возраста на
ракувачот. Чувајте го производот
вон дофат на деца кога не го
употребувате.
uРакувачот е одговорен за штетата
нанесена на други луѓе или имот.
uНе користете ја машината кога во
непосредна близина има луѓе, а
особено деца или животни.
uНе работете при лоши временски
услови, посебно кога постои ризик
од грмотевици.
uКористете ја машината само по
дневна светлина или под добро
осветлување.
uПроверете да се поставени и
прицврстени сите заштитни капаци
и штитници. Пред употреба
спроведете ги сите неопходни
проверки и поправки.
F 016 L94 170 | (15.07.2021) Bosch Power Tools
Добавить комментарий