
Македонски | 105
опремата за сечење дојде во допир со „жица под
напон“, може да ги изложи металните делови на
електричниот алат „под напон“ и операторот може да
добие струен удар.
Дополнителни безбедносни напомени
uКористете соодветни уреди за пребарување, за да
ги пронајдете скриените електрични кабли или
консултирајте се со локалното претпријатие за
снабдување со електрична енергија. Контактот со
електрични кабли може да доведе до пожар и струен
удар. Оштетувањето на гасоводот може да доведе до
експлозија. Навлегувањето во водоводни цевки
предизвикува оштетување и може да предизвика
електричен удар.
uПочекајте додека електричниот алат сосема не
прекине со работа, пред да го тргнете настрана.
Алатот што се вметнува може да се блокира и да
доведе до губење контрола над уредот.
uЗацврстете го парчето што се обработува. Доколку
го зацврстите со уред за затегнување или менгеме,
тогаш парчето што се обработува се држи поцврсто
отколку со Вашата рака.
uКратко по употребата не ги допирајте алатите за
вметнување или соседните делови на куќиштето.
За време на работата тие може да бидат многу жешки и
да предизвикаат изгореници.
uБидете внимателни за време на кршењето со длето.
Деловите што паѓаат од материјалот за кршење може
да ги повредат присутните или себе си.
uПри работата, држете го електричниот алат цврсто
со двете дланки и застанете во сигурна положба. Со
електричниот алат посигурно ќе управувате ако го
држите со двете дланки.
Опис на производот и
перформансите
Прочитајте ги сите безбедносни
напомени и упатства. Грешките настанати
како резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за
користење.
Наменета употреба
Електричниот алат е наменет за тешки работи кои
вклучуваат длетување и кршење како и соодветна
опрема за втиснување и компресирање.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на илустрираните компоненти се
однесува на приказот на електричниот алат на
графичката страница.
(1) Прекинувач за вклучување/исклучување
(2) Рачка (изолирана површина на рачката)
(3) Држач
(4) Прифат на алатот
(5) Вратило на алатот
(6) Венец
Технички податоци
Чекан за кршење GSH27VC
Број на дел 3611C0A0..
Номинална јачина W 2000
Број на удари min–1 920
Јачина на поединечен
удар согласно EPTA-Pro-
cedure 05:2016
J 62
Прифат на алатот mm
"28
1⅛
Тежина согласно EPTA-
Procedure 01:2014 kg 29,1
Класа на заштита / II
Податоците важат за номинален напон [U] од 230V. Овие
податоци може да отстапуваат при различни напони, во зависност
од изведбата во односната земја.
Апаратот ги исполнува барањата на IEC 61000-3-11 и е
предмет на условно поврзување. Апаратот може да
предизвика повремени флуктуации на напонот во
неповолни услови за напојување. Импедансата на овој
апарат е означена со Zactual=0,30Ω. Корисникот мора да
се осигура дека точката за поврзување, со импедансата
Zmax, на која треба да се вклучи апаратот, го исполнува
условот за импеданса: Zactual≥Zmax. Ако Zmax е непозната,
одредете ја Zmax во консултација со мрежниот снабдувач
или органот за снабдување.
Информации за бучава/вибрации
Вредностите за емисија на бучава се одредуваат
согласно ENIEC62841-2-6.
Нивото на звук на електричниот алат оценето соА
типично изнесува: ниво на звучен притисок 92dB(A);
ниво на звучна јачина 103dB(A). Несигурност K=3dB.
Носете заштита за слухот!
Вкупните вредности на вибрации ah (векторски збир на
три насоки) и несигурностK дадени се во согласност со
ENIEC62841-2-6:
Длетување: ah=9,7m/s2, K=1,5m/s2
Нивото на вибрации наведено во овие упатства и
вредноста на емисијата на бучава се измерени според
мерни постапки и можат да се користат за споредба меѓу
електрични алати. Исто така може да се прилагоди за
предвремена процена на нивото на вибрации и емисијата
на бучава.
Наведеното ниво на вибрации и вредноста на емисијата
на бучава ги претставуваат главните примени на
електричниот алат. Доколку електричниот алат се
користи за други примени, алатот што се вметнува
Bosch Power Tools 1 609 92A 7ES | (10.11.2022)
Добавить комментарий