
Македонски | 107
отстапуваат. Ова може значително да го зголеми нивото
на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот
период на работење.
За прецизно одредување на нивото на вибрации и
емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот
во кој уредот е исклучен или работи, а не во моментот
кога е во употреба. Ова може значително да го намали
нивото на вибрации и емисијата на бучава во
целокупниот период на работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за
заштита на корисникот од влијанието од вибрациите,
како на пр.: одржување на електричните алати и алатите
за вметнување, одржување на топлината на дланките,
организирање на текот на работата.
Монтажа
uПред било каква интервенција на електричниот
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Дополнителна дршка (види сликаD)
uКористете го Вашиот електричен алат само со
дополнителна рачка (9).
Дополнителната рачка (9) може да ја вртите по желба, за
да може безбедно и неуморно да работите.
– Олабавете ја назабената навртка(10), навалете ја
дополнителната дршка(9) околу оската на уредот во
саканата позиција и повторно затегнете ја назабената
навртка(10).
Дополнителната дршка(9) може да ја премонтирате.
– Притоа целосно одвртете ја назабената навртка(10) и
потоа извлечете ја нагоре завртката со внатрешна
шестаголна глава.
– Повлечете ја дополнителната дршка(9) странично и
навалете го преостанатиот дел за затегање за 180°.
– Монтирајте ја дополнителната дршка(9) по обратен
редослед.
Промена на алат
Со SDS-max-прифатот за алат можете едноставно и
лесно, без користење на дополнителни алати, да го
замените алатот што се вметнува.
Капакот за заштита од прав (1) го спречува
навлегувањето на правта која се создава при дупчењето
во прифатот на алатот. Затоа при употребата на алатот
проверете дали капакот за заштита од прав (1) е оштетен.
uОштетениот капак за заштита од прав веднаш треба
да се замени. Се препорачува ова да се изврши од
страна на сервисната служба.
Ставање на алатот за вметнување (види сликаA)
– Исчистете го крајот за вметнување на алатот што се
вметнува и малку намастете го.
– Алатот што го вметнувате ставете го со вртење во
прифатот на алат, додека самиот не се заклучи.
– Проверете дали е заклучен со влечење на алатот.
Вадење на алатот за вметнување (види сликаB)
– Турнете ја чаурата за заклучување (2) наназад и
извадете ја запчестата глава за дупчење.
Всисување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Употреба
uПред било каква интервенција на електричниот
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Ставање во употреба
uВнимавајте на електричниот напон! Напонот на
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
електричниот алат. Електричните алати означени со
230V исто така може да се користат и на 220V.
Вклучување/Исклучување (види сликаE)
– За ставање во употреба на електричниот алат,
навалете го прекинувачот за вклучување/
исклучување(7) во позиција „I“.
– За да го исклучите, електричниот алат, навалете го
прекинувачот за вклучување/исклучување(7) во
позиција „0“.
Подесување на бројот на удари
Електрониката за регулација овозможува бесстепено
бирање на бројот на удари за работење во согласност со
материјалот.
Константната електроника ја одржува конзистентноста на
бројот на удари помеѓу празниот од и работење со
оптоварување.
– Изберете го бројот на удари со вртливото копче(5)
соодветно на материјалот.
Bosch Power Tools 1 609 92A 7U9 | (16.11.2022)
Добавить комментарий