
50 | Македонски
(2) Чаура за заклучување
(3) Прстен за подесување на длетото (Vario-Lock)
(4) Прекинувач за вклучување/исклучување
(5) Тркалце за претходно избирање на бројот на удари
(6) Приказ за сервис
(7) Дополнителна рачка (изолирана површина на
рачката)
(8) Назабена навртка за дополнителната рачка
(9) Рачка (изолирана површина на рачката)
Технички податоци
Ударен чекан GSH 11 E
Број на дел 06113167..
Номинална јачина W 1500
Број на удари min–1 1050−1890
Јачина на поединечен
удар согласно EPTA-Pro-
cedure05:2016
J 16,8
Позиции на длетото 12
Прифат на алатот SDSmax
Подмачкување Централно трајно
подмачкување
Тежина согласно EPTA-
Procedure01:2014 kg 10,1
Класа на заштита / II
Податоците важат за номинален напон [U] од 230V. Овие
податоци може да отстапуваат при различни напони, во зависност
од изведбата во односната земја.
Информации за бучава/вибрации
Вредностите за емисија на бучава се одредуваат
согласно ENIEC62841-2-6.
Нивото на звук на електричниот алат оценето соА
типично изнесува: ниво на звучен притисок 89dB(A);
ниво на звучна јачина 100dB(A). Несигурност K=3dB.
Носете заштита за слухот!
Вкупните вредности на вибрации ah (векторски збир на
три насоки) и несигурностK дадени се во согласност со
ENIEC62841-2-6:
Длетување: ah=20,0m/s2, K=1,9m/s2
Нивото на вибрации наведено во овие упатства и
вредноста на емисијата на бучава се измерени според
мерни постапки и можат да се користат за споредба меѓу
електрични алати. Исто така може да се прилагоди за
предвремена процена на нивото на вибрации и емисијата
на бучава.
Наведеното ниво на вибрации и вредноста на емисијата
на бучава ги претставуваат главните примени на
електричниот алат. Доколку електричниот алат се
користи за други примени, алатот што се вметнува
отстапува од нормите или недоволно се одржува, нивото
на вибрации и вредноста на емисијата на бучава можат да
отстапуваат. Ова може значително да го зголеми нивото
на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот
период на работење.
За прецизно одредување на нивото на вибрации и
емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот
во кој уредот е исклучен или работи, а не во моментот
кога е во употреба. Ова може значително да го намали
нивото на вибрации и емисијата на бучава во
целокупниот период на работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за
заштита на корисникот од влијанието од вибрациите,
како на пр.: одржување на електричните алати и алатите
за вметнување, одржување на топлината на дланките,
организирање на текот на работата.
Монтажа
uПред било каква интервенција на електричниот
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Дополнителна рачка
uКористете го Вашиот електричен алат само со
дополнителна рачка (7).
Дополнителната рачка (7) може да ја вртите по желба, за
да може безбедно и неуморно да работите.
– Олабавете ја назабената навртка (8), навалете ја
дополнителната дршка (7) околу оската на уредот во
саканата позиција и повторно затегнете ја назабената
навртка (8).
Дополнителната дршка (7) може да ја премонтирате.
– Притоа целосно одвртете ја назабената навртка (8) и
потоа извлечете ја нагоре завртката со внатрешна
шестаголна глава.
– Повлечете ја дополнителната дршка (7) странично и
навалете го преостанатиот дел за затегање за 180°.
– Монтирајте ја дополнителната дршка (7) по обратен
редослед.
Промена на алат
Со SDS-max-прифатот за алат можете едноставно и
лесно, без користење на дополнителни алати, да го
замените алатот што се вметнува.
Капакот за заштита од прав (1) го спречува
навлегувањето на правта која се создава при дупчењето
во прифатот на алатот. Затоа при употребата на алатот
проверете дали капакот за заштита од прав (1) е оштетен.
uОштетениот капак за заштита од прав веднаш треба
да се замени. Се препорачува ова да се изврши од
страна на сервисната служба.
Ставање на алатот за вметнување (види сликаA)
– Исчистете го крајот за вметнување на алатот што се
вметнува и малку намастете го.
– Алатот што го вметнувате ставете го со вртење во
прифатот на алат, додека самиот не се заклучи.
– Проверете дали е заклучен со влечење на алатот.
1 609 92A 7U8 | (09.11.2022) Bosch Power Tools
Добавить комментарий