
Македонски | 121
Bosch Power Tools 1 609 92A 2N0 | (6.10.16)
Вкупните вредности на вибрации ah (векторски збор на
трите насоки) несигурност K дадени се во согласност со
EN 60745.
Нивото на вибрации наведено во овие упатства е
измерено со нормирана постапка според EN 60745 и
може да се користи за меѓусебна споредба на
електричните апарати. Исто така може да се прилагоди за
предвремена процена на оптоварувањето со вибрации.
Наведеното ниво на вибрации е за основната примена на
електричниот апарат. Доколку електричниот апарат се
користи за други примени, со различна опрема, алатот
што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се
одржува, може да отстапува нивото на вибрации. Ова
може значително да го зголеми оптоварувањето со
вибрации во периодот на целокупното работење.
За прецизно одредување на оптоварувањето со
вибрации, треба да се земе во обѕир и периодот во кој
уредот е исклучен или едвај работи, а не во моментот кога
е во употреба. Ова може значително да го намали
оптоварувањето со вибрации во периодот на целокупното
работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за
заштита на корисникот од влијанието на вибрациите, како
на пр.: одржувајте ги внимателно електричните апарати и
алатот за вметнување, одржувајте ја топлината на
дланките, организирајте го текот на работата.
Монтажа и користење
Одржување и чистење
Одржувајте ја чистотата на електричниот апарат и
отворите за проветрување, за да може добро и
безбедно да работите.
Исчистете го алатот што се вметнува, прифатот за алат и
отворите за проветрување на електричниот апарат по
секоја употреба, како и отворите за проветрување на
батеријата.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Експлозивен цртеж и
информации за резервни делови ќе најдете на:
www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на уредот.
Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Транспорт
Литиум-јонските батерии подлежат на барањата на
Законот за опасни материјали. Батериите може да се
транспортираат само од страна на корисникот, без
потреба од дополнителни квалификации.
При пренос на истите од страна на трети лица (на пр.
воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се
внимава на специјалните напомени на амбалажата и
ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката
мора да се повика експерт за опасни супстанци.
Транспортирајте ги батериите само доколку куќиштето е
неоштетено. Залепете ги отворените контакти и спакувајте
ја батеријата на тој начин што нема да се движи во
амбалажата.
Цел на користењето Слика Страна
Вадење на батеријата 1163
Вметнување на батерија2163
Проверете ја наполнетоста на батеријата 3163
Монтирање/демонтирање на дополнителната дршка 4164
Свртете ја дополнителната дршка 5164
Монтирање на алатот што се вметнува 6164
Подесете ја длабочината на дупчење X7165
Поставете го правецот на вртење8166
Избирање на вртежниот момент 9166
Бирање на позиција за дупчење10 167
Подесување на начинот на работа 11 167
Механички избор на брзини 12 167
Вклучување/исклучување13 168
Бирање на опрема –169
OBJ_BUCH-1916-003.book Page 121 Thursday, October 6, 2016 11:43 AM
Добавить комментарий