
Македонски | 167
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
uИзбегнувајте собирање прав на работното место.
Правта лесно може да се запали.
Употреба
Ставање во употреба
uВнимавајте на електричниот напон! Напонот на
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
електричниот уред. Електричните алати означени
со 230V исто така може да се користат и на 220V.
Вклучување/исклучување
GGS8CE/GGS28C/GGS28CE/GGS28LC/GGS28LCE
За ставање во употреба на електричниот алат, лизнете
го прекинувачот за вклучување/исклучување (5)
нанапред.
За фиксирање на прекинувачот за вклучување/
исклучување (5) притиснете го прекинувачот за
вклучување/исклучување (5) нанапред надолу додека не
се вклопи.
За да го исклучите, електричниот алат, ослободете го
прекинувачот за вклучување/исклучување(5) одн.
доколку тој е блокиран, кратко притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (5) наназад
надолу и потоа отпуштете го.
Вклучување/исклучување
GGS28LP
За ставање во употреба на електричниот алат,
притиснете ја најпрво блокадата при вклучување(12)
наназад и на крај притиснете го прекинувачот за
вклучување/исклучување(11) и држете го притиснат.
За да го исклучите електричниот алат, отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување(11).
Исклучување при повратен удар
GGS8CE/GGS28C/GGS28CE/GGS28LC/GGS28LCE
При ненадејна пречка на електричниот алат,
на пр. блокирање на резот при глодање,
доводот на струја до моторот електронски ќе
се прекине.
За повторно вклучување ставете го прекинувачот за
вклучување/исклучување (5) во исклучена позиција и
одново вклучете го електричниот алат.
Константна електроника
Константната електроника држи постојан број на вртежи
при празен од и оптоварување и овозможува иста
постојана јачина при работењето.
Одредување на број на вртежи
GGS8CE/GGS28CE/GGS28LCE
Со копчето за подесување на бројот на вртежи(6)
можете да го изберете потребниот број на вртежи и за
време на користењето на алатот.
Потребниот број на вртежи зависи од материјалот којшто
треба да се обработи и дијаметарот на алатот што се
вметнува. Придржувајте се кон максимално дозволениот
број на вртежи на алатот за вметнување.
Позиција на
копчето за
подесување
Број на вртежи
во празен од
(min–1)
GGS 28 CE
GGS 28 LCE
Број на вртежи
во празен од
(min–1)
GGS 8 CE
1 10000 2500
2 12700 3600
3 16700 4600
4 19700 5700
5 23500 6800
6 30000 8000
Совети при работењето
Движете го брусното тело напред-назад со рамномерен
лесен притисок, за да постигнете оптимални работни
резултати. Преголемиот притисок го намалува учинокот
на електричниот апарат и резултира со брзо изабување
на брусното тело.
uЗаштитете ги брусните алати од удари.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
uПред било каква интервенција на електричниот
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
uОдржувајте ги чисти електричниот алат и отворите
за проветрување, за да може добро и безбедно да
работите.
uПри екстремни услови на примена, доколку е
возможно секогаш користете уред за всисување.
Издувувајте ги почесто отворите за проветрување
и приклучете заштитен прекинувач за
диференцијална струја (PRCD). При обработка на
метали, во внатрешноста на електричниот алат може
да се собере спроводлива прав. Може да се оштети
заштитната изолација на електричниот алат.
Складирајте и третирајте го приборот со внимание.
Bosch Power Tools 1 609 92A 6N7 | (06.08.2021)
Добавить комментарий