
170 | Македонски
може да ги изложат металните делови на електричниот
алат „под напон“ и операторот може да добие струен
удар.
uКористете соодветни уреди за пребарување, за да
ги пронајдете скриените електрични кабли или
консултирајте се со локалното претпријатие за
снабдување со електрична енергија. Контактот со
електрични кабли може да доведе до пожар и струен
удар. Оштетувањето на гасоводот може да доведе до
експлозија. Навлегувањето во водоводни цевки
предизвикува оштетување.
uЦврсто држете го електричниот апарат. При
зацврстување и одвртување на шрафови може да
настанат краткотрајни високи реактивни моменти.
uЗацврстете го парчето што се обработува. Доколку
го зацврстите со уред за затегнување или менгеме,
тогаш парчето што се обработува се држи поцврсто
отколку со Вашата рака.
uПочекајте додека електричниот алат сосема не
прекине со работа, пред да го тргнете настрана.
Алатот што се вметнува може да се блокира и да
доведе до губење контрола над уредот.
uПри оштетување и непрописна употреба на
батеријата може да излезе пареа. Батеријата може
да се запали или да експлодира. Внесете свеж
воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар.
Пареата може да ги надразни дишните патишта.
uНе ја отворајте батеријата. Постои опасност од
краток спој.
uБатеријата може да се оштети од острите предмети
како на пр. клинци или одвртувач или со
надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен
краток спој и батеријата може да се запали, да пушти
чад, да експлодира или да се прегрее.
uКористете ја батеријата само во производи од
производителот. Само на тој начин батеријата ќе се
заштити од опасно преоптоварување.
Заштитете ја батеријата од топлина, на пр.
од долготрајно изложување на сончеви
зраци, оган, нечистотии, вода и влага.
Инаку, постои опасност од експлозија и
краток спој.
За информации за Bluetooth® Low Energy Module
GCY30-4 прочитајте го соодветното упатство за
употреба.
uВнимание! При користењето на електричниот алат
со Bluetooth ® може да настанат пречки на другите
уреди и системи, авиони и медицински апарати (на
пр. пејсмејкери, апаратчиња за слушање). Исто
така не може целосно да се исклучи можноста за
повреда на луѓе и животни во непосредна околина.
Не го користете мерниот уред со Bluetooth® во
близина на медицински уреди, бензински пумпи,
хемиски уреди, области со опасност од експлозија
и во близина на мински полиња. Не го користете
електричниот алат со Bluetooth® во авиони.
Избегнувајте долготрајна употреба во директна
близина на телото.
Ознаката со зборови Bluetooth®-како и сликите
(логоата) се регистрирани трговски марки и
сопственост на Bluetooth SIG, Inc. Секое користење на
оваа ознака со зборови/слики се врши со лиценца
преку Robert Bosch Power Tools GmbH.
Опис на производот и
перформансите
Прочитајте ги сите безбедносни напомени
и упатства. Грешките настанати како
резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може да
предизвикаат електричен удар, пожар и/или
тешки повреди.
Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за
користење.
Употреба со соодветна намена
Електричниот алат е наменет за навртување и
олабавување на завртки, како и за затегнување и
олабавување на навртки во дадените граници на
димензии.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на електричниот алат на графичката страница.
(1) Прифат на алатот
(2) Чаура за заклучување
(3) Лента за носењеA)
(4) Капак за Bluetooth® Low Energy модул GCY 30-4
(5) Држач за појасA)
(6) БатеријаA)
(7) Копче за отклучување на батеријатаA)
(8) Копче за електронски избор на бројот на вртежи
(9) Светилка
(10) Копче за светилката
(11) Приказ на бројот на вртежи
(12) Прекинувач за менување на правецот на вртење
(13) Прекинувач за вклучување/исклучување
(14) Рачка (изолирана површина на рачката)
(15) Битови за одвртувач за топчест затворачA)
(16) Универзален држач за битовиA)
(17) Бит за одвртувачA)
(18) Aлат за вметнувањеA)
A) Илустрираната или опишана опрема не е дел од
стандардниот обем на испорака. Целосната опрема може
да ја најдете во нашата Програма за опрема.
160992A5UW | (14.07.2020) Bosch Power Tools
Добавить комментарий