
130 | Македонски
GDS 24 GDS 30
Носете заштита за слухот!
Вкупните вредности на вибрации ah (векторски збир на три насоки) и несигурностK дадени се во согласност со
EN62841-2-2:
Извлекување на завртки и навртки со максимално дозволена големина:
ah
K
m/s2
m/s2
8
1,5
13
2
Нивото на вибрации наведенo во овие упатства е
измеренo со нормирана постапка за мерење и може да
се користи за меѓусебна споредба на електрични алати.
Исто така може да се прилагоди за предвремена процена
на оптоварувањето со вибрации.
Наведеното ниво на вибрации е за главната примена на
електричниот алат. Доколку електричниот алат се
користи за други примени, алатот што се вметнува
отстапува од нормите или недоволно се одржува, може
да отстапува нивото на вибрации. Ова може значително
да го зголеми оптоварувањето со вибрации во периодот
на целокупното работење.
За прецизно одредување на оптоварувањето со
вибрации, треба да се земе предвид и периодот во кој
уредот е исклучен или едвај работи, а не во моментот
кога е во употреба. Ова може значително да го намали
оптоварувањето со вибрации во периодот на
целокупното работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за
заштита на корисникот од влијанието на вибрациите, како
на пр.: одржувајте ги внимателно електричните алати и
алатите за вметнување, одржувајте ја топлината на
дланките, организирајте го текот на работата.
Монтажа
Промена на алат
uПред било каква интервенција на електричниот
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
uПри ставањето на алатот за вметнување,
внимавајте на тоа тој да лежи цврсто во прифатот
за алат. Доколку алатот за вметнување не е цврсто
поврзан со прифатот на алат, може да се олабави и да
се случи да не може да се контролира.
Поставете го алатот за вметнување (7) на четириаголниот
прифат за алат (6).
Употреба
Функционалност
Прифатот за алат (6) и алатот што се вметнува се ставаат
во погон со електромотор со помош на погон и ударен
механизам.
Работната постапка се дели во две фази:
Завртување и Затегнување (ударен механизам во
акција).
Ударниот механизам се активира, штом се затегне спојот
на шрафовите и така се оптоварува моторот. Притоа
ударниот механизам ја претвора силата на моторот во
еднакви удари со вртење. При олабавување на шрафови
и мутери, оваа постапка тече по обратен редослед.
Ставање во употреба
uВнимавајте на електричниот напон! Напонот на
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
електричниот уред. Електричните алати означени
со 230V исто така може да се користат и на 220V.
Поставете го правецот на вртење
uПрекинувачот за менување на правецот на
вртење(5) активирајте го само кога електричниот
алат е во празен од.
Со прекинувачот за менување на правецот за вртење (5)
може да го промените правецот на вртење на
електричниот алат.
Десен тек: Притиснете го прекинувачот за правец на
вртење (5) до крај надолу (Д).
Лев тек: Притиснете го прекинувачот за правец на
вртење (5) до крај надолу (Л).
Вклучување/исклучување
За ставање во употреба притиснете го прекинувачот за
вклучување/исклучување (4) и држете го притиснат.
За исклучување, отпуштете го прекинувачот за
вклучување/исклучување (4).
Совети при работењето
uПред било каква интервенција на електричниот
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
uКористете го вашиот електричен алат само со
дополнителна рачка (2).
uЕлектричниот алат ставете го на навртката/
завртката само доколку е исклучен. Доколку алатите
што се вметнуваат се вклучени и се вртат, тие може да
се превртат.
Вртежниот момент зависи од времетраењето на ударот.
Максималниот постигнат вртежен момент е резултат од
сумата на сите поединечни вртежни моменти постигнати
1 609 92A 7YG | (30.06.2022) Bosch Power Tools
Добавить комментарий