
Македонски | 219
Ударниот механизам се активира, штом се затегне спојот
на шрафовите и така се оптоварува моторот. Притоа
ударниот механизам ја претвора силата на моторот во
еднакви удари со вртење. При олабавување на шрафови
и мутери, оваа постапка тече по обратен редослед.
Ставање во употреба
uВнимавајте на електричниот напон! Напонот на
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
електричниот уред. Електричните алати означени
со 230V исто така може да се користат и на 220V.
uСекогаш ставајте го електричниот алат странично и
не го ставајте на батеријата. Во зависност од
употребениот алат за вметнување и батеријата што се
користи, електричниот алат може да се преврти.
Вметнување на батеријата
Напомена: Користењето на батерии кои не се соодветни
за Вашиот електричен алат може да доведе до погрешно
функционирање или до оштетување на истиот.
Наполнетата батерија (5) ставете ја во подножјето на
електричниот алат, додека не се заклучи батеријата.
Подесување на правецот на вртење (види слика E)
Со прекинувачот за менување на правецот за вртење (2)
може да го промените правецот на вртење на
електричниот алат. Доколку прекинувачот за
вклучување/исклучување (8) е притиснат ова не е
возможно.
Вртење во десно: За навртување на завртки и
прицврстување на навртки притиснете го прекинувачот
за менување на правец на вртење (2) на лево до крај.
Вртење во лево: За олабавување одн. одвртување на
завртки и навртки притиснете го прекинувачот за
менување на правецот на вртење (2) на десно до крај.
Подесување на бројот на вртежи/удари
Бројот на вртежите/ударите на вклучениот електричен
алат може да го регулирате бесстепено, во зависност од
тоа колку подалеку ќе го притиснете прекинувачот за
вклучување/исклучување (8).
Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/
исклучување (8) се постигнуваат мал број на вртежи/
удари. Со зголемување на притисокот се зголемува и
бројот на вртежи/удари.
Вклучување/исклучување
За ставање во употреба на електричниот алат
притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување
(8) и држете го притиснат.
Работното светло (15) свети при малку или целосно
притиснат прекинувач за вклучување/исклучување (8) и
овозможува осветлување на работното поле при услови
на слаба осветленост.
За да го исклучите електричниот алат, отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (8).
Кориснички интерфејс (види сликиD–E)
GDS 18V-1000C / GDS 18V-1050HC:
Корисничкиот интерфејс(7) служи за претходно
избирање на бројот на вртежи и на режимот на работење,
како и за прикажување на состојбата на електричниот
алат.
Прикази за состојба
Прикажување на
состојбата на електричниот
алат(11)
Значење/Причина Решение
Зелено Статус OK –
Жолто Достигната е критичната температура или
батеријата е речиси празна Оставете го електричниот алат да работи во
празен од и да се олади или наскоро
заменете ја одн. наполнете ја батеријата
Свети црвено Електричниот алат е прегреан или
батеријата е празна Оставете да се олади електричниот алат или
заменете ја одн. наполнете ја батеријата
Трепка сино Електричниот алат е поврзан со мобилен
уред или поставките се пренесуваат –
Претходно избирање на број на вртежи
Со копчето за претходно избирање на број на
вртежи(16) може претходно да го изберете потребниот
број на вртежи во 3 степени. Притискајте го копчето(16),
додека саканата поставка сигнализира на приказот за
број на вртежи(17). Избраната поставка е зачувана.
GDS 18V-1000C / GDS 18V-1050HC:
Може претходно да го изберете бројот на вртежи преку
апликацијата Bosch Toolbox.
Неопходниот број на вртежи зависи од материјалот и
работните услови и може да се одреди при практична
примена.
Податоците во приложената табела се препорачани
вредности.
Bosch Power Tools 1 609 92A 7X5 | (04.07.2022)
Добавить комментарий