
154 | Македонски
може да ги изложат металните делови на електричниот
алат „под напон“ и операторот може да добие струен
удар.
uКористете соодветни уреди за пребарување, за да
ги пронајдете скриените електрични кабли или
консултирајте се со локалното претпријатие за
снабдување со електрична енергија. Контактот со
електрични кабли може да доведе до пожар и струен
удар. Оштетувањето на гасоводот може да доведе до
експлозија. Навлегувањето во водоводни цевки
предизвикува оштетување.
uЦврсто држете го електричниот апарат. При
зацврстување и одвртување на шрафови може да
настанат краткотрајни високи реактивни моменти.
uЗацврстете го парчето што се обработува. Доколку
го зацврстите со уред за затегнување или менгеме,
тогаш парчето што се обработува се држи поцврсто
отколку со Вашата рака.
uПочекајте додека електричниот алат сосема не
прекине со работа, пред да го тргнете настрана.
Алатот што се вметнува може да се блокира и да
доведе до губење контрола над уредот.
uПри оштетување и непрописна употреба на
батеријата може да излезе пареа. Батеријата може
да се запали или да експлодира. Внесете свеж
воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар.
Пареата може да ги надразни дишните патишта.
uНе ја отворајте батеријата. Постои опасност од
краток спој.
uБатеријата може да се оштети од острите предмети
како на пр. клинци или одвртувач или со
надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен
краток спој и батеријата може да се запали, да пушти
чад, да експлодира или да се прегрее.
uКористете ја батеријата само во производи од
производителот. Само на тој начин батеријата ќе се
заштити од опасно преоптоварување.
Заштитете ја батеријата од топлина, на пр.
од долготрајно изложување на сончеви
зраци, оган, нечистотии, вода и влага.
Инаку, постои опасност од експлозија и
краток спој.
Опис на производот и
перформансите
Прочитајте ги сите безбедносни
напомени и упатства. Грешките настанати
како резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за
користење.
Употреба со соодветна намена
Електричниот алат е наменет за навртување и
олабавување на завртки, како и за затегнување и
олабавување на навртки во дадените граници на
димензии.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на илустрираните компоненти се
однесува на приказот на електричниот алат на
графичката страница.
(1) Прифат на алатот
(2) Чаура за заклучувањеa)
(3) Батеријаa)
(4) Копче за отклучување на батеријаa)
(5) Прекинувач за менување на правецот на вртење
(6) Прекинувач за вклучување/исклучување
(7) Светло „PowerLight“
(8) Рачка (изолирана површина на рачката)
(9) Битови за одвртувач за топчест затворачa)
(10) Универзален држач за битовиa)
(11) Бит за одвртувачa)
(12) Алат за вметнување (на пр. жлеб на одвртувач)a)
(13) Карбонски четки
(14) Капаче за затворање
a) Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од
стандардниот обем на испорака. Целосната опрема може
да ја најдете во нашата Програма за опрема.
Технички податоци
Батериски ударен одвртувач GDR 180-LI GDX 180-LI
Број на дел 3601JG51.. 3601JG52..
Номинален напон V 18 18
Број на вртежи во празен одA) min–1 0–2800 0–2800
Број на удариA) min–1 0–3600 0–3600
макс. вртежен моментA) при завртување во цврсти материјали според ISO 5393
– ¼" завртка со внатрешна шестаголна глава Nm 160 160
–½" Nm – 180
Машински завртки-Ø mm M6–M14 M6–M16
1 609 92A 7X2 | (21.02.2023) Bosch Power Tools
Добавить комментарий