
110 | Македонски
Дополнителни безбедносни напомени
uДоколку се блокира алатот што се вметнува,
веднаш исклучете го електричниот алатот. Бидете
претпазливи со високите реакциски моменти, што
може да предизвикаат повратен удар. Алатот што се
вметнува се блокира, ако електричниот алат се
преоптовари или се навали кон делот што се
обработува.
uЦврсто држете го електричниот апарат. При
зацврстување и одвртување на шрафови може да
настанат краткотрајни високи реактивни моменти.
uЗацврстете го парчето што се обработува. Доколку
го зацврстите со уред за затегнување или менгеме,
тогаш парчето што се обработува се држи поцврсто
отколку со Вашата рака.
uКористете соодветни уреди за пребарување, за да
ги пронајдете скриените електрични кабли или
консултирајте се со локалното претпријатие за
снабдување со електрична енергија. Контактот со
електрични кабли може да доведе до пожар и струен
удар. Оштетувањето на гасоводот може да доведе до
експлозија. Навлегувањето во водоводни цевки
предизвикува оштетување и може да предизвика
електричен удар.
uПочекајте додека електричниот алат сосема не
прекине со работа, пред да го тргнете настрана.
Алатот што се вметнува може да се блокира и да
доведе до губење контрола над уредот.
Опис на производот и
перформансите
Прочитајте ги сите безбедносни
напомени и упатства. Грешките настанати
како резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за
користење.
Употреба со соодветна намена
Електричниот алат е наменет за дупчење во дрво, метал,
керамика и пластика. Електричните алати со електронска
регулација и лев/десен тек се исто така погодни за
завртување.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на електричниот алат на графичката страница.
(1) Брзозатегнувачка глава за дупчење
(2) Предна чаура
(3) Задна чаура
(4) Држач за појас
(5) Копче за фиксирање на прекинувачот за
вклучување/исклучување
(6) Прекинувач за вклучување/исклучување
(7) Прекинувач за менување на правецот на вртење
(8) Рачка (изолирана површина на рачката)
(9) Бит за одвртувачa)
(10) Универзален држач за битовиa)
a) Илустрираната или опишана опрема не е дел од
стандардниот обем на испорака. Целосната опрема може
да ја најдете во нашата Програма за опрема.
Технички податоци
Дупчалка GBM 6 RE GBM 6 RE
Број на дел/артикл 3 601 D72 5.. 3 601 D72 6..
Номинална јачина W 350 350
Макс. излезна моќност W 136 136
Број на вртежи во празен од min-1 0–4 000 0–4 000
Номинален број на вртежи min-1 3 116 3 116
Номинален вртежен момент Nm 12,3 12,3
Дијаметар на грлото на вретеното mm 43 43
Контрола на бројот на вртежи ● ●
Десен/лев тек ● ●
Макс. дупка-Ø
– Челик mm 6,5 6,5
– Дрво mm 15 15
– Алуминиум mm 8 8
1 609 92A 7YK | (01.07.2022) Bosch Power Tools
Добавить комментарий