
Македонски | 113
Bosch Power Tools 1 609 92A 2GB | (23.5.18)
бидете сигурни во безбедноста на електричниот
апарат.
Безбедносни напомени за чекани
Носете заштита за слухот. Изложеноста на бучава
може да влијае на губењето на слухот.
Користете ги дополнителни дршки, доколку се
испорачани заедно со електричниот алат. Губењето
на контролата може да доведе до повреди.
Држете го уредот за изолираните површини на
рачките, доколку вршите работи каде алатот што се
вметнува може да наиде на скриени електрични
кабли или сопствениот струен кабел. Контактот со
струјниот кабел може металните делови на уредот да ги
стави под напон и да доведе до електричен удар.
Користете соодветни уреди за пребарување, за да
ги пронајдете скриените електрични кабли или
консултирајте се со локалното претпријатие за
снабдување со електрична енергија. Контактот со
електрични кабли може да доведе до пожар и
електричен удар. Оштетувањето на гасоводот може да
доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни
цевки предизвикува оштетување или може да
предизвика електричен удар.
При работата, држете го електричниот апарат
цврсто со двете дланки и застанете во сигурна
положба. Со електричниот апарат посигурно ќе
управувате ако го држите со двете дланки.
Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го
зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш
парчето што се обработува се држи поцврсто отколку
со Вашата рака.
Почекајте додека електричниот апарат сосема не
прекине со работа, пред да го тргнете настрана.
Алатот што се вметнува може да се блокира и да доведе
до губење контрола над уредот.
Опис на производот и моќноста
Прочитајте ги сите напомени и упатства
за безбедност. Грешките настанати како
резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Ве молиме отворете ја преклопената страница со приказ
на електричниот апарат, и држете ја отворена додека го
читате упатството за употреба.
Употреба со соодветна намена
Електричниот апарат е наменет за дупчење во бетон,
цигли и камен како и за длетување.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на електричните апарати на графичката
страница.
1Капак за заштита од прав
2Чаура за заклучување
3Прекинувач за запирање на вртењето
4Амортизација на вибрациите
5Прекинувач за вклучување/исклучување
6Рачка (изолирана површина на дршката)
7Тркалце за претходно избирање на бројот на
вртежи/удари
8Приказ за сервис
9Приказ за режим на приправност
10 Дополнителна дршка (изолирана површина на
дршката)
Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од
стандардниот обем на испорака. Комплетната опрема може да
ја најдете во нашата Програма за опрема.
Технички податоци
Информации за бучава/вибрации
Вредностите на емисија на бучава одредени во согласност
со EN 60745-2-6.
Нивото на звук на уредот, оценето со А, типично изнесува:
ниво на звучен притисок 93 dB(A); ниво на звучна јачина
104 dB(A). Несигурност K=3 dB.
Носете заштита за слухот!
Вкупните вредности на вибрации ah (векторски збор на
трите насоки) и несигурност K дадени се во согласност со
EN 60745-2-6:
Ударно дупчење во бетон: ah= 10,5 m/s2, K= 4,4 m/s2,
длетување: ah= 7,5 m/s2, K= 1,5 m/s2.
Чекани за дупчењеGBH 5-40 DCE
Број на дел/артикл 3 611 B64 0..
Номинална јачина W1150
Број на вртежиmin-1 170 – 340
Број на удари
–Режим на дупчење
–Режим на длетувањеmin-1
min-1 1500 –2900
1500 –3050
Јачина на поединечен удар
согласно EPTA-Procedure
05/2009 J8,8
Позиции на длетото 12
Прифат на алатот SDS-max
ПодмачкувањеЦентрално трајно
подмачкување
макс. дупка Ø
– Бетон (со спирално сврдло)
– Бетон (со пробивно сврдло)
–Ѕидни конструкции
(со шуплива круна)
мм
мм
мм
40
55
90
Тежина согласно
EPTA-Procedure 01:2014 кг 6,8
Класа на заштита /II
Податоците важат за номинален напон [U] од 230 волти. Овие
податоци може да отстапуваат при различни напони, во зависност
од изведбата во односната земја.
OBJ_BUCH-1742-004.book Page 113 Friday, August 19, 2016 2:47 PM
Добавить комментарий