
186 | Македонски
Менување на главата за дупчење
Вметнување/вадење на запчестата глава
GBH 2-26 RE/GBH 2-26 DRE
За да може да работите со алати без SDS plus (напр. со
дупчалка со цилиндрично вратило), мора да монтирате
соодветна глава за дупчење (запчеста или
брзозатегнувачка глава за дупчење, опрема).
Монтирање запчеста глава за дупчење (види сликаB)
– Завртете го SDS-plus-вратилото за прифат (20) во
запчестата глава за дупчење (19). Зацврстете ја
запчестата глава за дупчење (19) со безбедносната
завртка (18). Внимавајте сигурносната завртка да
има лев навој.
Вметнување запчеста глава за дупчење
(видисликаB)
– Исчистете го крајот за вметнување на вратилото за
прифат и малку намастете го.
– Запчестата глава за дупчење со вратилото за прифат
ставете ја со вртење во прифатот за алат, додека
самата не се заклучи.
– Проверете дали е заклучена со влечење на запчестата
глава за дупчење.
Вадење на запчестата глава за дупчење
– Турнете ја чаурата за заклучување (5) наназад и
извадете ја запчестата глава за дупчење (19).
Вадење/ставање на заменливата глава за дупчење
GBH 2-26 DFR
Вадење на заменливата глава за дупчење (види
сликаC)
– Извлечете го наназад прстенот за заклучување на
заменливата глава за дупчење (6), држете го цврсто
во оваа позиција и извлечете ја нанапред SDS-plus-
заменливата глава за дупчење (2) одн.
брзозатегнувачката заменлива глава за дупчење (1).
– Откако ќе ја извадите, заштитете ја заменливата глава
за дупчење од нечистотија.
Вметнување на заменливата глава за дупчење (види
сликаD)
– Исчистете ја заменливата глава за дупчење пред да ја
ставите и подмачкајте го лесно крајот за вметнување.
– Фатете ја SDS-plus-заменливата глава за дупчење (2)
одн. брзозатегнувачката заменлива глава за дупчење
(1) со целата рака. Вметнете ја заменливата глава за
дупчење со вртење во прифатот за главата за дупчење
(21), додека не слушнете дека е вклопена.
– Резервната глава за дупчење сама се заклучува.
Проверете дали е заклучена со влечење на резервната
глава за дупчење.
Промена на алат
Капакот за заштита од прав (4) го спречува
навлегувањето на правта која се создава при дупчењето
во прифатот на алатот. Затоа при употребата на алатот
проверете дали капакот за заштита од прав (4) е оштетен.
uОштетениот капак за заштита од прав веднаш треба
да се замени. Се препорачува ова да се изврши од
страна на сервисната служба.
Замена на алат (SDS-plus)
Ставање на SDSplus-алатот за вметнување (види
сликаE)
Со SDS-plus-главата за дупчење можете едноставно и
лесно да го замените алатот што се вметнува без
користење на дополнителни алати.
–GBH2-26DRE: Вметнете ја SDS-plus-заменливата
глава за дупчење (2).
– Исчистете го крајот за вметнување на алатот што се
вметнува и малку намастете го.
– Алатот што го вметнувате ставете го со вртење во
прифатот на алат, додека самиот не се заклучи.
– Проверете дали е заклучен со влечење на алатот.
Со SDS-plus-алатот за вметнување може слободно да се
маневрира поради системот. Така, при празен од
настанува отстапување од кружниот тек. Ова нема
влијание на прецизноста на дупчењето на дупката,
бидејќи дупчалката сама се центрира при дупчењето.
Вадење на SDS-plus-алатот за вметнување (види слика
F)
– Турнете ја чаурата за заклучување (5) наназад и
извадете ја запчестата глава за дупчење.
Замена на алат, запчеста глава за дупчење
GBH 2-26 RE/GBH 2-26 DRE
Ставање на алатот за вметнување (види сликаG)
Напомена: Не користете алати без SDS-plus за ударно
дупчење или длетување! Алатите без SDS-plus и главата
за дупчење што ја користите ќе се оштетат при ударното
дупчење или длетување.
– Вметнете запчеста глава за дупчење(19).
– Со вртење отворете ја запчестата глава за
дупчење(19), додека не се отвори за да може да
вметне алатот. Вметнете го алатот.
– Клучот за затегање на главата за дупчење ставете го во
соодветните отвори на запчестата глава за
дупчење(19) и затегнете го алатот.
–GBH2-26RE: Поставете го прекинувачот(16) на
ознаката „Дупчење“.
–GBH2-26DRE: Свртете го прекинувачот за запирање
на удари/вртежи(11) во позиција „Дупчење“.
Вадење на алатот за вметнување
– Свртете ја чаурата на запчестата глава за дупчење
(19) со помош на клучот за затегање на главата за
дупчење во правец спротивен на стрелките на
часовникот, додека не се извади алатот за
вметнување.
1 609 92A 8FW | (25.11.2022) Bosch Power Tools
Добавить комментарий