
Македонски | 215
Монтажа
uПред каква било интервенција на електричниот
алат (на пр.одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, притиснете го
копчето за фиксирање, за да го фиксирате
прекинувачот за вклучување/исклучување. При
невнимателно притискање на прекинувачот за
вклучување/исклучување постои опасност од
повреди.
Активирање на Bluetooth® Low Energy модул
GCY42 (опрема)
За информации за Bluetooth® Low Energy Module GCY42
прочитајте го соодветното упатство за употреба.
Дополнителна рачка
uКористете го Вашиот електричен алат само со
дополнителна рачка (13).
uОсигурајте се дека дополнителната рачка е
секогаш цврсто затегната. Во спротивно, за време на
работата може да ја изгубите контролата врз вашиот
електричен алат.
Навалување на дополнителната рачка (види слика A)
Дополнителната рачка (13) може да ја вртите по желба,
за да може безбедно и неуморно да работите.
– Вртете го долниот дел на дополнителната рачка (13)
во правец спротивно на стрелките од часовникот и
навалете ја (13) во саканата позиција. Потоа повторно
зацврстете го долниот дел на дополнителната рачка
(13) во правец на стрелките од часовникот.
Внимавајте, затезната лента на дополнителната дршка
да легне во предвидениот жлеб на куќиштето.
Бирање на глава за дупчење и алат
За ударно дупчење и длетување потребни Ви се SDS-max-
алати, што ќе се вметнат во SDS-max-главата за дупчење.
Промена на алат
Капакот за заштита од прав (3) го спречува
навлегувањето на правта која се создава при дупчењето
во прифатот на алатот. Затоа при употребата на алатот
проверете дали капакот за заштита од прав (3) е оштетен.
uОштетениот капак за заштита од прав веднаш треба
да се замени. Се препорачува ова да се изврши од
страна на сервисната служба.
Замена на алат (SDS-max)
Ставање на алатот за вметнување (види сликаB)
Со SDS-max-прифатот за алат можете едноставно и
лесно, без користење на дополнителни алати, да го
замените алатот што се вметнува.
– Исчистете го крајот за вметнување на алатот што се
вметнува и малку намастете го.
– Алатот што го вметнувате ставете го со вртење во
прифатот на алат, додека самиот не се заклучи.
– Проверете дали е заклучен со влечење на алатот.
Вадење на алатот за вметнување (види сликаC)
– Турнете ја чаурата за заклучување (4) наназад и
извадете ја запчестата глава за дупчење.
Вшмукување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат за канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
uИзбегнувајте собирање прав на работното место.
Правта лесно може да се запали.
Употреба
Ставање во употреба
uВнимавајте капакот (11) наBluetooth® Low Energy
модулот GCY42 да биде затворен за време на
работата. На тој начин ќе избегнете влегување на
прав.
Подесување на режимот на работа (види сликаD)
Со комбинираниот прекинувачот (5) изберете го начинот
на работа на електричниот алат.
Напомена: Променете го режимот на работа само
доколку електричниот алат е исклучен! Инаку
електричниот алат може да се оштети.
Напомена: Ако се префрлите на друг режим на работа
додека прекинувачот за вклучување/исклучување е
блокиран, електричниот алат ќе се исклучи.
– За промена на режимот на работата свртете го
комбинираниот прекинувачот (5) во саканата
позиција, додека не слушнете дека се вклопил.
Позиција за ударно дупчење во бетон или
камен
Bosch Power Tools 1 609 92A 7SK | (24.06.2022)
Добавить комментарий