
Македонски | 219
– Притиснете го копчето за подесување на граничникот
за длабочина (18) и поставете го граничникот за
длабочина во дополнителната рачка (19).
Избраздениот дел на граничникот за длабочина (20)
мора да покажува надолу.
– Вметнете го SDS-plus-алатот за вметнување до крај во
прифатот за алат SDS-plus (3). Инаку, доколку SDS-
plus-алатот е лабаво наместен, може да доведе до
погрешно подесување на длабочината на дупчење.
– Извлечете го граничникот за длабочина до степен што
растојанието меѓу врвот на дупчалката и врвот на
граничникот за длабочина ќе одговара на саканата
длабочина на дупчење X.
Спојка за заштита од преоптоварување
uДоколку алатот што се вметнува се стегне или
заглави, ќе се прекине погонот на вратилото за
дупчење. Електричниот алат секогаш држете го
цврсто со двете дланки поради јачината со која
работи и застанете во сигурна положба.
uИсклучете го електричниот алат и олабавете го
алатот што се вметнува, доколку се блокира
електричниот алат. Доколку вклучите блокиран
алат за дупчење настануваат многу моменти на
блокирање.
Брзо исклучување (Kickback Control)
Брзото исклучување (KickBack Control) нуди
подобра контрола на електричниот алат и со
тоа ја зголемува заштитата при користење,
во споредба со електричните алати без
KickBack Control. При ненадејна и
непредвидена ротација на електричниот алат околу
оската за дупчење, тој се исклучува.
– За повторно ставање во употреба отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (13) и
одново притиснете го.
Брзото исклучување е прикажано со трепкање работното
светло (17) на електричниот алат.
Electronic Precision Control (EPC)
EPC ви помага при дупчење и работење со удари во
чувствителни материјали со постепено зголемување на
бројот на работни вртежи за прецизна работа.
Притиснете го EPC-прекинувачот(8) во саканата
позиција.
Позиција за максимален број на работни
вртежи
Позиција за бавно замавнување и намален
број на работни вртежи
Амортизација на вибрациите
Вградената амортизација за вибрации ги
намалува вибрациите кои настануваат во
текот на работењето.
uНе го употребувајте електричниот апарат, доколку
е оштетен елементот за придушување.
Вметнување на битови за одвртувач (види слика M)
uЕлектричниот алат ставете го на навртката/
завртката само доколку е исклучен. Доколку алатите
што се вметнуваат се вклучени и се вртат, тие може да
се превртат.
За користење на битовите за одвртувач потребен ви е
универзален држач (29) со SDS-plus-вратило за прифат
(опрема).
– Исчистете го крајот за вметнување на вратилото за
прифат и малку намастете го.
– Универзалниот држач ставете го со вртење во
прифатот на алат, додека самиот не се заклучи.
– Проверете дали е заклучена со влечење на
универзалниот држач.
– Ставете еден бит за одвртувач на универзалниот
држач. Користете само битови што се соодветни на
главата за завртување.
– За вадење на универзалниот држач вметнете ја
чаурата за заклучување (5) наназад и извадете го
универзалниот држач (29) од прифатот за алат.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
uПред било каква интервенција на електричниот
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
uОдржувајте ги чисти електричниот алат и отворите
за проветрување, за да може добро и безбедно да
работите.
uОштетениот капак за заштита од прав веднаш треба
да се замени. Се препорачува ова да се изврши од
страна на сервисната служба.
– Исчистете го прифатот за алат (3) по секоја употреба.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Ознаки за експлозија и
информации за резервните делови исто така ќе најдете
на: www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на производот.
Северна Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
Bosch Power Tools 1 609 92A 8K6 | (19.01.2023)
Добавить комментарий