
Македонски | 89
Литиум-јонската батерија е заштитена од длабоко
празнење со „Electronic Cell Protection (ECP)“. Доколку
батеријата е испразнета, батерискиот всисувач се
исклучува со заштитен прекинувач.
uПо автоматското исклучување не притискајте на
прекинувачот за вклучување/исклучување.
Батеријата може да се оштети.
За да се наполни батеријата мора да се извади од
всисувачот.
Батеријата е опремена со NTC-контрола на
температурата, што дозволува полнење само на
температура меѓу 0°C и 45°C. Со тоа се постигнува долг
рок на употреба на батеријата.
Скратеното време на работа по полнењето покажува,
дека батеријата е потрошена и мора да се замени.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Приказ за наполнетост на батеријата
Трите зелени LED-светилки на приказот за наполнетост
на батеријата(3) ја покажуваат состојбата на наполнетост
на батеријата(4). Приказот за наполнетост на батеријата
свети само 3 секунди по ставањето во употреба.
LED-светилки Капацитет
Трајно светло 3 x зелено ≥ 2/3
Трајно светло 2 x зелено ≥ 1/3
Трајно светло 1 x зелено < 1/3
Трепкаво светло 3 x зелено Резерва
Доколку по вклучувањето не свети LED-светилката,
батеријата е дефектна и мора да се замени.
Ставање и вадење на батеријата (види сликиA1 – A2)
uНе употребувајте сила при ставање на батеријата.
Батеријата е дизајнирана на тој начин што може да се
вметне само во правилна позиција во всисувачот.
– Вметнете ја батеријата (4) до крај во преградата за
батерии(12).
– За вадење на батеријата (4) притиснете ги копчињата
за отклучување(13) на батеријата и извлечете ја од
преградата за батерии(12).
Монтирање на опремата за всисување (види
сликаB)
uИзвадете ја батеријата, пред одржувањето или
чистењето на всисувачот, пред да направите на
поставки на уредот, замена на деловите или тргање
на всисувачот настрана. Овие мерки за
предупредување го спречуваат невнимателниот старт
на всисувачот.
Опремата за всисување може да се спои директно со
контејнерот за прав(6).
Можностите за комбинирање на различните делови
опрема за всисувачот може да ги видите на сликата.
– Вметнете ги деловите од опремата за всисувачот
цврсто во приклучокот на контејнерот за прав(6) и
еден во друг.
Употреба
uИзвадете ја батеријата, пред одржувањето или
чистењето на всисувачот, пред да направите на
поставки на уредот, замена на деловите или тргање
на всисувачот настрана. Овие мерки за
предупредување го спречуваат невнимателниот старт
на всисувачот.
Ставање во употреба
uПред всисувањето бидете сигурни дека единицата
на филтерот е цврсто монтирана.
uКористете само неоштетен филтер (без пукнатини,
дупчиња итн.). Веднаш заменете го оштетениот
филтер.
Вклучување/исклучување
– За вклучување на всисувачот притиснете го копчето
за вклучување-исклучување(2).
– За исклучување на всисувачот, одново притиснете го
копчето за вклучување-исклучување(2).
Одржување и сервис
Одржување и чистење
uОдржувајте ја чистотата на всисувачот и отворите
за проветрување, за да може добро и безбедно да
работите.
– Повремено исчистете го куќиштето на всисувачот со
влажна крпа.
– Исчистете ги извалканите контакти за полнење со сува
крпа.
uИзвадете ја батеријата, пред одржувањето или
чистењето на всисувачот, пред да направите на
поставки на уредот, замена на деловите или тргање
на всисувачот настрана. Овие мерки за
предупредување го спречуваат невнимателниот старт
на всисувачот.
Чистење на контејнерот за прав (види сликиC1–C2)
Чистете го контејнерот за прав(6) по секоја употреба, за
да го одржите оптималниот перформанс на всисувачот.
– Држете го всисувачот малку навален надолу, за да не
испадне правта од контејнерот за прав при отворање
на всисувачот.
– Притиснете на копчето за отклучување(1) и извадете
го контејнерот за прав(6) од куќиштето на
моторот(5).
– Истресете го контејнерот за прав(6) над соодветен
сад за отпад.
– Доколку е потребно, исчистете ги филтрите.
– Прикачете го контејнерот за прав долу во куќиштето на
моторот и притиснете го малку додека не слушнете да
се вклопи.
Чистење на филтерот (види сликиD1 – D4)
Филтерот (16) не смее да се чисти влажен.
Bosch Power Tools 1 609 92A 7UP | (30.05.2022)
Добавить комментарий