
Македонски | 141
вшмукувачот за прав) може да се запали при
неповолни услови, како на пр. летање на искри при
брусење на метали. Особена опасност постои, доколку
правта од брусењето се измеша со остатоци од лак,
полиуретан или други хемиски материјали и доколку
парчето што се бруси се вжешти по долготрајна
работа.
uРедовно чистете ги отворите за проветрување на
вашиот електронски алат. Вентилаторот на моторот
влече прав во куќиштето, а собирањето на голема
количина на метална прав може да предизвика
електрични опасности.
uЗацврстете го парчето што се обработува. Доколку
го зацврстите со уред за затегнување или менгеме,
тогаш парчето што се обработува се држи поцврсто
отколку со Вашата рака.
uПочекајте додека електричниот алат сосема не
прекине со работа, пред да го тргнете настрана.
uПри оштетување и непрописна употреба на
батеријата може да излезе пареа. Батеријата може
да се запали или да експлодира. Внесете свеж
воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар.
Пареата може да ги надразни дишните патишта.
uНе ја отворајте батеријата. Постои опасност од
краток спој.
uБатеријата може да се оштети од острите предмети
како на пр. клинци или одвртувач или со
надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен
краток спој и батеријата може да се запали, да пушти
чад, да експлодира или да се прегрее.
uКористете ја батеријата само во производи од
производителот. Само на тој начин батеријата ќе се
заштити од опасно преоптоварување.
Заштитете ја батеријата од топлина, на пр.
од долготрајно изложување на сончеви
зраци, оган, нечистотии, вода и влага.
Инаку, постои опасност од експлозија и
краток спој.
Опис на производот и
перформансите
Прочитајте ги сите безбедносни
напомени и упатства. Грешките настанати
како резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за
користење.
Употреба со соодветна намена
Електричниот алат е наменет за суво брусење и
полирање на дрво, пластика, шпахтел маса, како и
лакирани површини. Особено е погоден за профили,
агли или тешко достапни места.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на електричниот алат на графичката страница.
(1) Приказ за наполнетост на батеријата/приказ за
преоптоварување
(2) Прекинувач за вклучување/исклучување
(3) Батеријаa)
(4) Копче за отклучување на батеријаa)
(5) Сечило за пилаa)
(6) Брусна плоча
(7) Рачка (изолирана површина на рачката)
(8) Млазници за издувување
(9) Поклопец за заштита од прав
(10) Адаптер за всисувањеa)
(11) Универзален адаптерa)
(12) Црево за издувни гасовиa)
a) Илустрираната или опишана опрема не е дел од
стандардниот обем на испорака. Целосната опрема може
да ја најдете во нашата Програма за опрема.
Технички податоци
Батериска
мултифункционална
брусилка
EasySander 12
Број на дел 3 603 J76 9..
Номинален напон V= 12
Број на вртежи во празен
одA) min−1 11000
Број на осцилации во
празен одA) min−1 22000
Површина на брусното
сечило cm2104
Дијаметар на
осцилаторниот круг mm 1,2
Тежина согласно
EPTA-Procedure 01:2014 kg 0,70
препорачана околна
температура при полнење °C 0...+35
Дозволена околна
температура при
работењеB) и при
складирање
°C –20...+50
Препорачани
акумулаторски батерии PBA12V...
Препорачани полначи GAL12...
A) Мерено при 20−25°C со батеријаPBA 12V 2.5Ah.
B) Ограничена јачина при температури <0 °C.
Информации за бучава/вибрации
Вредностите за емисија на бучава се одредуваат
согласноEN62841-2-4.
Bosch Power Tools 1 609 92A 86A | (13.07.2022)
Добавить комментарий