
156 | Македонски
пред вид конкретните услови. При работата мора да
внимава на другите личности, а посебно на децата.
uНе дозволувајте им на деца, личности со ограничени
физички, сензорни или психички ограничувања и/или
недостаток на знаење или на личности незапознаени
со ова упатство да го употребуваат уредот. Локалните
прописи можат да ја ограничат возраста на ракувачот.
uДецата треба да бидат под надзор да не си играат со
уредот.
Примена
uПри работа држете го уредот цврсто со двете раце и
стојте на сигурна подлога. Со уредот безбедно се
ракува со две раце.
uПочекајте уредот потполно да застане пред да го
спуштите.
uНикогаш не користете го уредот со дефектен заштитен
капак или друга заштита, или без заштита. Внимавајте
сите заштитни елементи да се правилно монтирани.
Никогаш не употребувајте го уредот ако не е
комплетен или ако на него се извршени неовластени
поправки.
uНикогаш не употребувајте го уредот ако кабелот е
оштетен или дотрошен.
uНикогаш не менувајте ги неметалните елементи за
сечење со метални.
uНикогаш не поправајте го уредот сам, дури ни кога сте
за тоа квалификувани.
uДругите лица и животни мораат да бидат оддалечени
на соодветно растојание кога уредот работи.
Ракувачот е одговорен за трети лица во полето на
работа.
uПочекајте главата за сечење во потполност да застане
пред да ја допрете. Главата за сечење продолжува да
се врти и по гасењето на моторот и може да
предизвика повреди.
uРаботете само при дневна светлина или при добро
осветлување.
uНе работете со тримерот при лоши временски услови,
а посебно при грмотевици.
uАко го користите уредот на влажна трева, тоа може да
влијае врз ефикасноста на тримерот.
uПри пренесување, згаснете го уредот и исклучете го
од напојување.
uПри работа со тримерот секогаш внимавајте на
безбедно растојание. Нозете и рацете држете ги
подалеку од ротирачките делови на уредот.
uВнимавајте да не го згазите уредот кој лежи на земја.
uИсклучете го од струја при менување на макарата.
uРедовно проверувајте го и одржувајте го тримерот.
uСекогаш носете заштитни ракавици кога го чистите
производот или кога го менувате конецот за сечење.
uВнимавајте да не се повредите на ножето со кое се
сече конецот за косење. После дополнување на
конецот за косење, секогаш ставете го уредот со
сечилото во хоризонтална положба пред да го
вклучите.
Згаснете ја машината и извадете го кабелот од утикачот:
– секогаш кога уредот го оставате без надзор на извесно
време
– за замена на макарата
– ако кабелот е заглавен
– за чистење или поправка
– пред складирање на тримерот
uЧувајте го уредот на суво и затворено место, вон
дофат на деца. Не ставајте други предмети на
производот.
Електрична безбедност
Згаснете го уредот и исклучете го од напојување пред
да го користите копчето за рачно дополнување на
конецот. Оваа функција треба да се користи само при
заглавување на конецот за сечење.
Предупредување! Пред секое одржување
или чистење на производот, згаснете го и
исклучете го од напојување. Истото важи
и ако кабелот е оштетен, прекинат или
сплеткан.
Вашиот уред е со двојна изолација и не му е потребно
заземјување. Работниот напон е 230VAC, 50Hz (за
земји вон ЕУ 220V или 240V). Употребувајте само
одобрени продолжни кабли. За подетални информации
обратете се во Вашиот Бош сервис.
За подобра безбедност користете резидуален уред (РЦД)
кој се активира на отстапување од 30mA. Резидуалниот
уред треба да се проверува пред секоја употреба.
Чувајте го напојниот и продолжниот кабел понастрана од
подвижните делови, за да се избегне оштетување на
кабелот и негов контакт со металните делови.
Кабелските врски (приклучник и приклучница) треба да
бидат суви и да не лежат на теренот.
Напојниот и продолжниот кабел мора редовно да се
проверуваат за евентуални оштетувања и да се користат
само кога се во беспрекорна состојба.
Ако напојниот кабел е оштетен, мора да се поправи од
страна на овластен сервис на Бош. Употребете само
одобрен продолжен кабел.
Користете само продолжни кабли, кабел, водови за жици
и макари со кабли што се во согласност со EN 61242 / IEC
61242 или IEC 60884-2-7 и се од типот H05VVV-F или
H05RN-F.
Ако сакате да користите продолжен кабел при употреба
на уредот, потребни ви се следните димензии на кабли:
– Пресек 1,25mm2 или 1,5mm2
– Максимална должина 30m за продолжниот кабел или
60m за кабел на навој со ФИ-заштитна склопка
Совет: Ако користите продолжен кабел, тој мора да биде
заземјен преку напојната мрежа, во склад со важечките
прописи.
За дополнителни информации контактирајте лиценциран
електричар или најблискиот Bosch сервис.
F 016 L94 451 | (12.05.2022) Bosch Power Tools
Добавить комментарий