
Македонски | 157
средна позиција. При невнимателно притискање на прекинувачот за
вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
Полнење на батеријата (види слика A)
uНе користете друг полнач. Испорачаниот полнач е прилагоден на
вградената литиум-јонска батерија во Вашиот електричен алат.
uВнимавајте на електричниот напон! Напонот на изворот на струја
мора да одговара на оној кој е наведен на спецификационата плочка
на полначот. Полначите означени со 230V исто така може да се
користат и на 220V.
Напомена: Батеријата се испорачува делумно наполнета. За да ја
наполните целосно батеријата, пред првата употреба ставете ја на
полнач додека не се наполни целосно.
Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое време, без да се
намали нивниот рок на употреба. Прекинот при полнењето не ú
наштетува на батеријата.
Литиум-јонската батерија е заштитена од целосно празнење. Доколку се
испразни батеријата, електричниот алат ќе се исклучи со помош на
заштитниот прекинувач: Алатот за вметнување не се движи повеќе и се
слуша тивок свиреж.
uПо автоматското исклучување на електричниот алат, не
притискајте на прекинувачот за вклучување/исклучување.
Батеријата може да се оштети.
Доколку приказот за наполнетост на батеријата (4) при полу-притиснат
прекинувач за вклучување/исклучување свети (7) црвено, батеријата
има помалку од 30 % од нејзиниот капацитет и треба да се наполни.
За полнење ставете го кабелот за полнење (13) во приклучницата (12)
на долната страна на рачката и мрежниот напојувач (14). Потоа,
вметнете го мрежниот напојувач (14) во приклучницата.
Процесот на полнење се прекинува при целосно притиснат прекинувач
за вклучување/исклучување (7).
Приказот за наполнетост на батеријата (4) го покажува напредокот на
полнењето. За време на процесот на полнење приказот свети зелено.
Доколку приказот за наполнетост на батеријата (4) не свети повеќе,
батеријата е целосно наполнета.
За време на процесот на полнење се затоплува дршката на
електричниот алат. Ова е нормално.
Bosch Power Tools 1 609 92A 66C | (11.12.2020)
Добавить комментарий