
Македонски | 151
електричниот алат за други намени може да доведе до опасни
ситуации.
uРачките и површините за држење одржувајте ги суви, чисти и
неизмастени. Рачките и површините за држење што се лизгаат не
овозможуваат безбедно ракување и контрола на алатот во
непредвидливи ситуации.
Употреба и чување на батериски алат
uПолнете ја батеријата само со полнач наведен од
производителот. Полнач којшто е соодветен за еден тип сет на
батерии може да предизвика опасност од пожар ако се користи за
друг сет на батерии.
uЕлектричните алати користете ги само со специјално наменети
сетови на батерии. Користењето на други сетови на батерии може
да предизвика опасност од повреда или пожар.
uКога не го користите сетот на батерии, чувајте го подалеку од
други метални предмети, како на пр., спојувалки, монети,
клучеви, шајки, завртки или други помали метални предмети што
може да предизвикаат спој од еден до друг извор. Краток спој на
батериските извори може да предизвика изгореници или пожар.
uПод непредвидени околности, течноста може да истече од
батеријата; избегнувајте контакт. При случаен допир, измијте се
со млаз вода. Ако течноста влезе во очите, побарајте
дополнителна медицинска помош. Течност истечена од батеријата
може да предизвика иритација или изгореници.
uНе употребувајте сет на батерии или алат што е оштетен или
изменет. Оштетени или изменети батерии може да реагираат
непредвидливо и да предизвикаат пожар, експлозија или опасност од
повреда.
uНе го изложувајте сетот на батерии или алатот на оган или висока
температура. Изложувањето на оган или на температура повисока
од 130°C може да предизвика експлозија.
uСледете ги сите упатства за полнење и не го полнете сетот на
батерии или алатот надвор од температурниот опсег наведен во
упатствата. Неправилното полнење или на температура надвор од
наведениот опсег може да ја оштети батеријата и да ја зголеми
опасноста од пожар.
Bosch Power Tools 1 609 92A 66C | (11.12.2020)
Добавить комментарий