
Македонски | 149
uАко мора да работите со електричен алат на влажно место,
користете заштитен уред за диференцијална струја (RCD).
Користењето на RCD го намалува ризикот од струен удар.
Лична безбедност
uБидете внимателни, внимавајте како работите и работете
разумно со електричен алат. Не користете електричен алат ако
сте уморни или под дејство на дроги, алкохол или лекови. Еден
момент на невнимание додека работите со електричните алати може
да доведе до сериозна лична повреда.
uКористете лична заштитна опрема. Секогаш носете заштита за
очи. Заштитната опрема, како на пр., маска за прашина,
безбедносни чевли коишто не се лизгаат, шлем или заштита за уши,
коишто се користат за соодветни услови, ќе доведат до намалување
на лични повреди.
uСпречете ненамерно активирање. Проверете дали прекинувачот
е исклучен пред да го вклучите во струја и/или со сетот на
батерии, пред да го земете или носите алатот. Носење на
електричните алати со прстот позициониран на прекинувачот или
вклучување во струја на електричните алати чијшто прекинувачот е
вклучен, може да предизвика несреќа.
uОтстранете каков било клуч за регулирање или француски клуч
пред да го вклучите електричниот алат. Француски клуч или клуч
прикачен за ротирачкиот дел на електричниот алат може да доведе до
лична повреда.
uНе ги пречекорувајте ограничувањата. Постојано одржувајте
соодветна положба и рамнотежа. Ова овозможува подобра
контрола на електричниот алат во непредвидливи ситуации.
uОблечете се соодветно. Не носете широка облека и накит. Косата
и алиштата треба да бидат подалеку од подвижните делови.
Широката облека, накитот или долгата коса може да се закачат за
подвижните делови.
uАко се користат поврзани уреди за вадење прашина и собирање
предмети, проверете дали се правилно поврзани и користени.
Собирањето прашина може да ги намали опасностите предизвикани
од неа.
Bosch Power Tools 1 609 92A 66C | (11.12.2020)
Добавить комментарий