
160 | Македонски
Совети при работењето
uЕлектричниот алат ставете го на завртката само доколку е
исклучен. Доколку алатите што се вметнуваат се вклучени и се вртат,
тие може да се превртат.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
uПред било каква интервенција на електричниот уред (на пр.
одржување, замена на алат итн.) како и при негов транспорт и
складирање, ставете го прекинувачот за правец на вртење во
средна позиција. При невнимателно притискање на прекинувачот за
вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
uОдржувајте ги чисти електричниот алат и отворите за
проветрување, за да може добро и безбедно да работите.
Доколку батеријата не функционира повеќе, обратете се кај овластената
сервисна служба за Bosch-електрични алати.
Доколку е потребно користење на приклучен кабел, тогаш набавете го
од Bosch или специјализирана продавница за Bosch-електрични алати,
за да избегнете загрозување на безбедноста.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го
10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во врска со
поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните
делови. Ознаки за експлозија и информации за резервните делови исто
така ќе најдете на: www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви помогне доколку
имате прашања за нашите производи и опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го
10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот.
Северна Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
1 609 92A 66C | (11.12.2020) Bosch Power Tools
Добавить комментарий