
Македонски | 109
нивото на вибрации и емисијата на бучава во
целокупниот период на работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за
заштита на корисникот од влијанието од вибрациите,
како на пр.: одржување на електричните алати и алатите
за вметнување, одржување на топлината на дланките,
организирање на текот на работата.
Монтажа
uПред било каква интервенција на електричниот
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Промена на алат (видисликаA)
Повлечете го граничникот за завртување/одвртување(4)
нанапред. Извадете го битот за завртување(1). По
потреба може да го извадите и универзалниот држач за
битови(10) и да го замените.
По успешната замена на алатот, повторно вметнете го
граничникот за завртување/одвртување(4).
Употреба
Ставање во употреба
uВнимавајте на електричниот напон! Напонот на
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
електричниот уред. Електричните алати означени
со 230V исто така може да се користат и на 220V.
Поставете го правецот на вртење
Со прекинувачот за менување на правецот за вртење (8)
може да го промените правецот на вртење на
електричниот алат. Доколку прекинувачот за
вклучување/исклучување (7) е притиснат ова не е
возможно.
–Десен тек: За дупчење и завртување притиснете го
прекинувачот за менување на правец на вртење (8) на
лево до крај.
–Лев тек: За олабавување одн. одвртување на завртки
притиснете го прекинувачот за менување на правецот
на вртење (8) на десно до крај.
Вклучување/исклучување
За ставање во употреба на електричниот алат
притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување
(7) и држете го притиснат.
За фиксирање на притиснатиот прекинувач за
вклучување/исклучување (7) притиснете го копчето за
фиксирање (6).
За да го исклучите електричниот алат, ослободете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (7) одн.
доколку тој е блокиран со копчето за фиксирање (6),
кратко притиснете го прекинувачот за вклучување/
исклучување (7) и потоа отпуштете го.
Поставување на број на вртежи
Бројот на вртежите на вклучениот електричен алат може
да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа колку
подалеку ќе го притиснете прекинувачот за вклучување/
исклучување (7).
Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/
исклучување (7) се постигнува мал број на вртежи. Со
зголемување на притисокот се зголемува и бројот на
вртежи.
Подесување на длабочината на завртување (види
слика B)
Со чаурата за подесување (3) со вртење во 8 степени
може однапред да се избере длабочината на завртување
на главата на одвртувачот во делот што се обработува.
Секој степен одговара на промената на длабочината за
завртување за 0,25mm.
Вртењето на чаурата за подесување (3) во правец на
стрелките на часовникот резултира со поголема
длабочина на завртување, а вртењето во правец
спротивен на стрелките на часовникот со помала
длабочина на завртување.
Најдобро ќе подесите доколку направите пробно
завртување.
Совети при работењето
uПред било каква интервенција на електричниот
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
uЕлектричниот алат ставете го на навртката/
завртката само доколку е исклучен. Доколку алатите
што се вметнуваат се вклучени и се вртат, тие може да
се превртат.
Ставете ја завртката на битот за завртување(1).
Завртката се држи со помош на магнет на универзалниот
држач на битови(10). Притиснете го врвот на завртката
цврсто на материјалот што се обработува, додека
граничникот за завртување/одвртување(4) не застане на
делот што се обработува.
Вклучете го електричниот алат. Завртката ќе се завртува
во делот што се обработува, додека не се постигне
поставената длабочина. Спојката за погонот е отпуштена:
прифатот на алатот не се врти повеќе. Контролирајте ја
длабочината на завртување и ев. подесете ја.
За одвртување на завртки поставете го прекинувачот за
правец на вртење (8) на лев тек и извлечете го
граничникот за одвртување (4) нанапред, без да ја
вадите чаурата за подесување.
Може да работите и со поставен граничник за
одвртување (4), откако ќе ја подесите длабочината на
завртување.
Држач за појас
Со држачот за појас (5) може да го закачите
електричниот алат на пр. на ремен. Така двете дланки ќе
ви бидат слободни, а електричниот алат ќе го имате на
дофат во секое време.
Bosch Power Tools 1 609 92A 7YL | (13.06.2022)
Добавить комментарий