
Македонски | 155
uПочекајте додека електричниот алат сосема не
прекине со работа, пред да го тргнете настрана.
Алатот што се вметнува може да се блокира и да
доведе до губење контрола над уредот.
uПри оштетување и непрописна употреба на
батеријата може да излезе пареа. Батеријата може
да се запали или да експлодира. Внесете свеж
воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар.
Пареата може да ги надразни дишните патишта.
uНе ја отворајте батеријата. Постои опасност од
краток спој.
uБатеријата може да се оштети од острите предмети
како на пр. клинци или одвртувач или со
надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен
краток спој и батеријата може да се запали, да пушти
чад, да експлодира или да се прегрее.
uКористете ја батеријата само во производи од
производителот. Само на тој начин батеријата ќе се
заштити од опасно преоптоварување.
Заштитете ја батеријата од топлина, на пр.
од долготрајно изложување на сончеви
зраци, оган, нечистотии, вода и влага.
Инаку, постои опасност од експлозија и
краток спој.
uДоколку се блокира алатот што се вметнува,
веднаш исклучете го електричниот алатот. Бидете
претпазливи со високите реакциски моменти, што
може да предизвикаат повратен удар. Алатот што се
вметнува се блокира, ако електричниот алат се
преоптовари или се навали кон делот што се
обработува.
Опис на производот и
перформансите
Прочитајте ги сите безбедносни
напомени и упатства. Грешките настанати
како резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за
користење.
Употреба со соодветна намена
Електричниот алат е наменет за завртување и
олабавување на завртки како и за дупчење во дрво,
метал, керамика и пластика. Батериската ударна
дупчалка-одвртувачEasyImpact 18V-40 е дополнително
наменета за ударно дупчење во цигли.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на електричниот алат на графичката страница.
(1) Прифат на алатот
(2) Брзозатегнувачка глава за дупчење
(3) Прстен за подесување во претходно избран
вртежен момент
(4) Прстен за претходно подесување на видот на
режим (EasyImpact 18V-40)
(5) Прекинувач за избор на брзина
(6) Копче за отклучување на батеријатаa)
(7) Батеријаa)
(8) Работно светло
(9) Прекинувач за менување на правецот на вртење
(10) Прекинувач за вклучување/исклучување
(11) Рачка (изолирана површина на рачката)
(12) Универзален држач за битовиa)
a) Илустрираната или опишана опрема не е дел од
стандардниот обем на испорака. Целосната опрема може
да ја најдете во нашата Програма за опрема.
Технички податоци
Батериска дупчалка-одвртувач EasyDrill 18V-40 EasyImpact 18V-40
Број на дел 3603JD80.. 3603JD81..
Номинален напон V= 18 18
Број на вртежи во празен одA)
– 1. брзина min–1 0–430 0–430
– 2. брзина min–1 0–1 630 0–1 630
макс. вртежен момент при завртување во
цврсти/меки материјали според ISO5393A) Nm 32/23 32/23
макс. вртежен моментA) Nm 40 36
Број на удари при број на вртежи во празен
одA) min–1 – 0–24 450
макс. дупка-Ø (1./2. брзина)
Bosch Power Tools 1 609 92A 6MY | (14.09.2021)
Добавить комментарий